Сања Најдовски втора на „Осогово Ран”

Нашата натпреварувачка во планинско трчање Сања Николовска Најдовски овој викенд заврши на втората позиција во женска категорија на трката од Ќустендил до врвот Руен. 

Овој викенд на 28.07.2019 во организација на бугарското здружение „Маратон” се одржа трката Осоговор Ран која стартува од градот Ќустендил а завршува на врвот Руен. Истата е во должина од 24 километри со висинско искачување од 1750 метри и се одржува од 2014 година. 

На ова издание, во категоријата планинско трчање настапија 70 учесници од кои и тројца македонски учесници: Сања Најдовски, Борче Милосковски и Љубиша Андреиќ од клубот за планинско трчање „Трекс” – Скопје. 

Сања успеа да оствари одличен резултат од 3:45:45 со што се пласираше на втората позиција во женска категорија. Пред неа заврши Силвија Младенова со време од 3:33:45, а трета беше Ивона Михајлова со време од 3:54:25. 

Сите резултати се достапни тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија