Најраспространетиот отпад во светот

Отпушоците од цигари се најраспространеиот пластичен отпад во светот кој во голема мера ја загадува нашата почва.

Ова е еден од главните заклучоци на студијата работена од страна на Универзитетот Англиа Рускин. Работејќи на ова истражување, научниците од овој универзитет дошле до сознание дека отпушоците од цигарите во голема мера и штетат на почвата и на растенијата во нивниот развој.

Имено, тие забележале дека ова штетно влијание кај детелината се одразува со 27% намалување при ртењето и 28% кај должината на растението. Кај тревата овие бројки се 10% намалено ртење и 13% намалена должина на растението.

На годишно ниво овој отпад е застапен со 4,5 трилиони отпушоци низ целиот свет. Филтрите на цигарите се изработени од влакна на целулозен ацетат (биопластика) што го прави убедливо најраспространет пластичен отпад на светот.

Исто така истражувачите дошле и до заклучок дека филтрите на цигарите кои се нашле на или во почвата а кои не биле искористени го имаат речиси истото штетно дејство како и оние од запалените цигари со сите можни токсини од согорениот тутун.

Тревата и детелината се само примери за штетното дејство на овој отпад кој може да се најде насекаде околу нас. Доктор Грин исто така вели дека се потребни повеќе години па дури и декади за комплетно да се распадне филтерот од цигарата кој се нашол во почвата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија