Има еден „мал” проблем со ова алпско езеро

Во близина на врвот Дент ду Геант на планинскиот масив Мон Блан се појави едно кристално чисто езерце. Проблемот е што истото се формираше за околу 10-тина дена, на висина на која нормално и не треба да има вода во течна форма.

Фотографијата од езерото е направена од планинарот Брајан Маестре на 28 јуни, во периодот кога најголем дел од Европа беше зафатена со огромен топлотен бран кој беше причината за надминување на сите рекорди во однос на температурата на континентот и сите планински појаси во тој реон. 

Само 10-тина дена претходно, на ова место глечерот имаше сосема друг изглед и големина, но топлотниот бран кој предизвика сериозни отстапки во многу метеоролшки параметри многу бргу го претопи овој снег и формираше езеро. 

Локацијата на која се наоѓа езерото е на некои 3400 м.н.в, висина на која досега температурите не се искачувале над нулата односно каде водата е секогаш во форма на снег и мраз. 

Изминатиот месец според сервисите кои го следат глобалното затоплување, тоа беше најтоплиот јуни досега измерен на планетата земја, со отстапки од околу 6-10 степени над нормалата во делови до Франција, Шпанија, Германија и Италија.

Во одредени периоди, висината на слојот од 0 степени се качил и над 4700 м.н.в што е навистина необично. Во денскиот период, дури и на врвот Мон Блан можело да се измери температура од 10 степени.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија