Колку чини еден велосипед на Тур де Франс?

Недвојбено Тур де Франс е најпознатата и најпрестижна велосипедска трка на светот. Сè што е поврзано со и околу неа секогаш е на највисоко можно ниво. Да се биде учесник на ова натпреварување подразбира светска класа, оттаму и велосипедите се нешто што и тоа како претставува светска класа, а таа класа се разбира чини многу.

Овој настан кој трае 21 ден е можност за сите производители на велосипеди да ги претстават своите најнови модели и преку своите атлети да им ги приближат на “обичните” смртници. Сето тоа совршенство од технологија во суштина е достапно за сите кои сакаат да си бркнат подлабоко во џебот. „Актив” издвојува  некои од најдобрите моделите кои се возат на Турот. 

Да се разбереме, не дека поседувањето на ваква екстра класа на велосипед ќе ве направи новиот Крис Фром или Питер Саган но можеби ќе биде мотивација плус и желба да се потрудите повеќе на следната подолга тура.

Cannondale SystemSix Hi-Mod Dura-Ace Di2

Овој модел на Cannondale од 2019 година кој веќе се закити со титуталата најдобар велосипед за трки според Бајк Радар првиот избор на велосипедисти од рангот на Ригоберо Уран, Тејлор Фини и Лахлан Мортон. Годинава овој произведувач на турот ќе биде насловен спонзор на тимот Слипстрим Спортс. Доколку сакате да имате ваков велосипед во вашата колекција ќе треба да издвоите 11.500 долари.

Specialized S-Works Venge Disc — SRAM ETAP

Овој американски произведувач на велосипеди не само што доминира на американсккиот пазар туку и буквално може да се најде на сите страни во светот. Има исклучително успешна историја на турот и е еден од првите избори на велосипедистите ширум планетата. Токму овој произведувач во 2018 заврши со седум триумфи на Тур де Франс и тоа како спонзор на два големи тимови. Конкретниот модел e супер лесен и крут со перфектна аеродинамика. Цена на ова задоволство 12.500 долари.

Canyon Ultimate CF SLX Disc 9.0

Овој германски произведувач е релативно нов на пазарот но веќе сериозно се трка во продажбата и перформансите со далеку поголемите и поискусни произведувачи. Годинава нивните велосипеди исто така ќе бидат претставени од два тима на Тур де Франс и тоа Алпецин и Мовистар а со конкретниов модел Алехандро Валверде стана светски првак во друмски велосипедизам во 2018 година.

Цената на овој модел како и на сите модели од овој произведувач се значително пониски за разлика од конкуренцијата бидејќи истите се продаваат директно на купувачот. Колку се поефтини. Па многу а и не многу. Овој модел ќе ве чини 9000 долари.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија