Светско првенство во фудбал за жени

Колку е моќен женскиот тим на САД во фудбал?

Женскиот фудбалски тим на САД одново е светски шампион во фудбал. Со тоа тие станаа рекордери по бројот на освени светски титули.

 

Тимот на САД е победник на осмото издание на Светските првенства во фудбал за жени. Домаќин на првенството беше Франција а финалето на турнирот се одигра во Лион пред речиси 60000 гледачи.

За репрезентацијата на САД ова е вкупно четврто злато од светските првенства по оние во 1991, 1995, 2015 година. Со тоа тие станаа убедливо најуспешна земја, односно земја која триумфирала на половина од одржаните првенства. Во финалето тие беа поуспешни од репрезентацијата на Холандија (Европски првак) со 2-0. Ова првенство важеше за едно од најквалитетните и најатрактивните во резултатска смисла но и според она што беше прикажано на теренот.

Генерален впечаток по завршувањето на првенството е дека женскиот фудбал бесправедно е во комплетна сенка на машкиот, за што особено говори наградниот фонд кој за машкиот турнир изнесува 400 милиони долари а за женскиот само 30 милиони со ветување дека истиот веќе на следното СП ќе биде двојно зголемен.
Победничкиот тим на САД со право важи за еден од најуспешните тимови во историјата на спортот а еве и зошто:

– Тимот на САД е првиот кој успеал да освои рекордни четири титули светски првак.
– Во отворањето на Светското првенство тие победија против Тајланд со 13-0 што е најголемат победа во историјата и на машките и на женските првенства.
– Заменик капитенот Алекс Мичел е рекордер по бројот на постигнати голови за време на еден натпревар на СП или вкупно пет.
– Селекторката Џил Елис е првата жена освојувач на две титули светски првак како тренер. Во машка конкуренција тоа единствено му пошло од рака на италијанскиот тренер Виторио Поцо во 1934, 1938
– Тие ја држат најдолгата низа на победи во историјата на светските првенства, вкупно дванаесет
– Рекордери се и по бројот најмногу постигнати голови на едно светско првенство, вкупно 26.
– Само втор тим на кого му успеало да освои две светски првенства едно по друго.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија