Одржана детска трка во планинско трчање и велосипедизам

Спортот како темел за здрава и активна младина

Вчера на 5 јуни во рамки на проектот “Спортот – темел за здрава и активна младина” во Куманово беше организирана трка во планинско трчање и планински велосипедизам каде учествуваа ученици од  ООУ Крсте Мисирков, ООУ 11 Октомври и ООУ Христијан Карпош.

Во рамки на проектот “Спортот – темел за здрава и активна младина” кој се спроведува во рамки на проектот „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)”, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на 5 јуни во Куманово се одржа трка која опфати планинско трчање и планински велосипедизам во која беа учесници ученици од ООУ Крсте Мисирков, ООУ 11 Октомври и ООУ Христијан Карпош.

„Ден посветен на најмладите и иднината на велосипедизмот и трчањето. И покрај најавите за дожд времето не послужи, па денот беше исполнет со сонце и преубави детски насмевки :)” – изјави организаторот „Спортски младински клуб Динамик” кој заедно со велосипедскиот клуб „Оксижен” беа организатори на овој настан.

На најбрзите од секоја категорија беа доделени медали и дипломи. Трката беше интересна и возбудлива и сите деца беа задоволни со едно заедничко прашање “кога повторно ќе се организира ваква трка сакаме пак да се тркаме?”

Организаторите упатија голема благодарност до училиштата за одлична соработка и до волонтерите кои беа дел од целиот настан.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија