Сан Франциско забрани продажба на пластични шишиња

Револуционерен пионерски чекор на голем град во борбата со пластиката и пластичниот отпад.

Секоја минута на планетата земја се купуваат еден милион пластични шишиња. Од целата таа бројка најголем дел завршува како отпад а значително помал процент се рециклира. За тоа колку во суштина малку се рециклира доволен е показателот дека во САД (која во споредба со остатокот од светот важи за земја со развиена свест за рециклирање) само една четвртина од вкупната пластика завршува како рециклиран отпад.

Количината на пластичен отпад кој во моментов се наоѓа во отворените води, земјата и депониите се проценува дека е доволен за четири пати ја обвитка земјата по нејзината ширина. Ако се земе во предвид штетноста на истата по човековото здравје, ситуацијата станува алармантна.

Една од најштетните компоненти на пластиката е Бисферол А или БПА кога е изложена на топлина или сончева светлина, која се наоѓа во речиси сите пластични производи од наочари за сонце и шишиња до садови и конзерви за храна, докажано има катастрофално влијание врз здравјето на човекот особено за ендокринолошкиот систем и работата на тироидната жлезда. За илустрација болестите и дисбалансот во лачење на хормони на тироидната жлезда на светско ниво во последната деценија добива епидемиолошки размери.

Оттаму за поздрав е секој обид кој се стреми кон тоа да ја намали употребата на пластика и да го елеминира отпадот од неа. Сан Франциско е првиот град во светски рамки кој воведува забрана за продажба на пластични шишиња која првично ќе се однесува на продажбата на површини и објекти во надлежност-сопственост на градот.

Претходно исто така Сан Франциско беше првиот град кој забрани продажба и употреба на пластични кеси и пластични контејнери а сето ова е дел од планот на градот до 2020 година да нема отпад кој завршува на јавните површини и депониите.
Градските власти се надеваат дека луѓето ќе престанат да користат вода за пиење од пластични шишиња и дека ќе се вратат на пиење вода од градскиот водовод бидејќи количиниата на вода која е потребна за да се произведе едно пластично шише е поголема од количината на вода која се наоѓа во истото.

Ваквите мерки нема да направат пластичниот отпад, кој веќе постои да исчезне, но ќе придонесат истиот да се намали или да престане да се создава.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија