Пандев е дел од уникатната фудбалската историја на Европа и cветот

Важноста на Горан Пандев за македонскиот фудбал веќе долги години на сите ни е повеќе од јасна.

Лидер, капитен, спортски амбасадор, борец, алка која ја сврзува нашата репрезентација во многу успеси и радости. Пречекуван и испраќан со стоечки овации од навивачите на сите негови поранешни клубови. Ценет и уважуван со тешко достижната титула „Гранде” во една од најфудбалските земји – Италија.

По примерот на многу светски фудбалски ѕвезди, така и Горан, реши во својата родна Струмица да формира своја фудбалска академија која на само пет години од формирањето на сениорскиот тим завери третото место во македонската прва фудбалска лига и со тоа избори пласман во квалификациската фаза на Лига Европа.

Тој успех на Академија Пандев не натера да истражиме и да дојдеме до неверојатен податок дека Горан Пандев е првиот фудбалер во европа а можеби и во светот кој како активен фудбалер, е оснивачсопственик и спонзор на фудбалски клуб кој го носи неговото презиме а истиот изборил пласман во некое од европските натпреварувања, а згора на тоа е и куп победник!

 Примери на сега активни и пензионирани фудбалери кои се сопственици или акционери на фудбалски клубови и академии има многу. Роналдо, Дрогба, Хаџи, Бекам, Малдини, Сколс, Гигс… но сите тие клубови или се нисколигаши или „газдите” се веќе фудбалски пензионери.

Фудбалската Академијата Горан Пандев ја оснива на свои 26 години, а првиот тим на 30 годшна возраст… воедно раритет е дека Академијата го носи првиот куп трофеј во фудбалска Струмица и го закитува истокот со значајно спортско достигнување.

 ЛИНК ОД САМИТЕ ПОЧЕТОЦИ НА АКАДЕМИЈАТА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија