XCO Студена Вода – Куманово

Во недела на 14.04.2019 во Куманово се оддржа првата трка во планински велосипедизам за 2019 година „ХСО СТУДЕНА ВОДА“ со која и официјално започна натреварувачката сезона во планиски велосипедизам во Македонија.

Домаќин на трката беше ПВК Оксижен, кој иако е од Скопје се потруди да го крене овој спорт на малку повисоко ниво од претходно виденото, подготвувајќи ја најатрактивната стаза во Македонија. Учество земаа сите професионални клубови од Македонија но и хоби возачи кои имаа прилика да уживаат во техничките делов на стазата кои беа преполни со љубители на овој спорт кои уживајки во природата несебично даваа поддршка на натпреварувачите.

Победници во елитна категорија се 1. Александар Марковски, 2. Милан Нацевски и 3. Михаил Тасевски (сите од Оксижен) кои ја приредија и најдинамичната трка. Во женска елитна категорија првото место го освои Анита Величковска, второто место и припадна на Катерина Николовска и третотот место на Анета Антовска (сите од Оксижен).

Во јуниорска категорија прво место го освои Лазар Петровиќ (Оксижен), второ место Давид Спасов (Бел Камен) и трето место Марко Марковски (CROSS Cycling-KUMANOVO).

Во најмладата категорија кадети првото место му припадна на Борис Стефановски (CROSS Cycling-KUMANOVO), второто место на Лука Димитриовски (Спид Бајк) и третото место на Спасе Стојанов (Бел Камен).

Во највозрасната категорија категорија Мастерс, прв низ целта помина Љубиша Кондев, втор Владимир Микиќ и трет Маријан Кузмановски (сите од Енерги).

Во категорија Хоби мажи победата ја однесе Лео Кралевски, втор низ целта помина Игор Трпковски и трет Вилијам Тодоровски. Во категорија Хоби жени прва заврши Билјана Русевска, втора Сандра Милошевска и трета Ивана Тодоровска.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија