Назад на тренинг по одлежан грип

Грипот е сезонско вирусно заболување кое знае да биде вистинска “клетва” за секој активен човек. Еве како да се вратите во аеробните тренинзи без дополнително да си наштетите.

Грипот претставува сезонско вирусно заболување кое се карактеризира со треска, главоболка, болно грло, болки во мускулите и зглобовите и општа слабост и замор. Раната пролет е идеално време за развивање на вакво заболување.

Иако грипот вообичаено трае од неколку дена до неколку недели, во главата на еден активен човек тоа е период кој трае бескрајно долго. Најголемиот дел од тркачите и велосипедистите откатко експресно брзо ќе сфатат дека неможат да го “протрчаат” вирусот, ќе одлучат да го излечат и “одлежат”. Кога е време за враќање?

Пред да помислите да се вратите на нормалниот тренинг би требало да знаете дека грипот и треската која тој ја создава во голема мера ја намалуваат цврстината на мускулите, аеробната сила и коориднација и негативно влијаат на регулацијата на телесна температура и протокот на течности.

Понатаму, тренирањето со треска може да предизвика миокардитис-воспаление на срцеиот мускул. Ова заболување во најголем дел од случаите поминува без преголеми компликации но секако ќе треба да направите пауза од барем шест месеци. Други можни комликации како последица од продолжен тренинг за време на грип и треска се развивање на пневмонија и бронхит кои можат да траат со месеци.

Се надеваме дека сето ова ќе допринесе посериозно да ја сфатите сериозноста на грипот и колку не треба да имате тренинг кога симптомите се уште ги чувствувате, особено кога имате треска и температура. Значи, откако веќе сте ги надминале сите симптоми на грип, може да се вратите на тренингот, но не во полн капацитет.

Опаѓањето на нивото на кондиција почнува да се случува по 4-5 дена без активност. Еве неколку совети за тоа како да се вратите во фаза на тренинг и како да се вратите на полниот тренинг капацитет:

-започнете со кратко и лесно истрчување (recovery run). Ако во било кој момент почувствувате дека вашето тело сеуште ги има симптомите на грипот, веднаш застанете. Направете по еден recovery run за секој пропуштен тренинг за време на грипот и постепено зголемувајте го времето на тренинг.
-ако не се чувствувате болно за време на овие трчања, продолжете со тренинзите онаму каде што сте застанале пред да ве нападне грипот. Немојте да прескокнувате фази од тренингот и да бидете нетрпеливи да продолжите со прогресивен тренинг план.
-ако трчањето ви предизвикува зголемен замор, продолжете со лесни тренинзи се додека ваквата состојба трае.

За крај би требало да знаете дека продолжувањето со тренинг по секоја цена, дури и кога вашето тело не е во можност да се избори со заморот, може да предизвика таканаречен поствирален синдром кој се одликува со постојан замор што трае со месеци.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија