Откажана потрагата по Том Балард и Даниеле Нарди на Нанга Парбат

Иако тешко беше да се очекува дека постојат било какви шанси за преживување на двајцата алпинисти кои исчезнаа на Диамирската стена на врвот Нанга Парбат во Пакистан, сепак организирана беше спасителна акција која заврши безуспешно. 

Тимот составен од Италијанецот Нарди и Британецот Том Балард оваа зима беа во обид за второто зимско искачување на Нанга Парбат, одејќи по гребенот Мумери на Диамирската стена. Откако екипата беше заглавена извесен период во базниот камп поради лоши временски услови, на 22.02 прогнозата се подобри и тие заминаа во обид за поставување на некои од висинските кампови.

За жал, од 24.02 (недела), откако е јавено дека се стигнати на висина од 6000 метри, тимот во базниот камп губи секаков контакт со качувачите. Два-три дена потоа започна да се формира спасителна екипа составена од пакистански хеликоптер, алпинистот Али Садпара и дел од тимовите кои се на К2 – Алекс Чикон.

Иако тешко беше да се очекува дека постојат било какви шанси за преживување на двајцата алпинисти во тие временски услови, сепак организирана беше спасителна акција која заврши безуспешно. Хеликоптерот прелета повеќе пати над стената во обид да се пронајдат алпинистите, но беше забележана само мала трга веројатно од нивниот шатор.

После тоа, алпиниститe се исакчија по рутата Киншхофер која е во непосредна близина за да направат извидница. Гребенот Мумери се смета за исклучително експониран и подложен на лависна активност особено во зимски услови и досега никој го нема искачено врвот преку оваа рута.

Главна преокупација на италијанскиот алпинист Даниеле Нарди беше токму гребенот Мумери на Диамирската стена именуван по Aлберт Мумери, еден од пионерите во модерните алпинистички искачувања и човекот кој се смета за првиот кој планира искачување на врв над 8000 метри. Тој заедно со уште тројца британски и двајца Гурка војници уште во 1895 се искачуваат на оваа карпа до 6100 м.н.в. Подоцна се префрлуваат на соседната страна Ракинот каде исчезнуваат во лавина. За илустрација на нивните пионерски чекори, првото искачување на овој врв ќе се оствари дури 58 години подоцна. Даниеле беше четврти пат на Нанга во зима.

Том Балард е син на бритнаската алпинистка Алисон Харгривс која во 1995 година го искачува Еверест соло, без помош од шерпаси и без суплементарен кислород. Таа истотака ги има солирано сите шест северни големи стени во Алпите – Матерхорн, Ајгер, Гран Жора, Петит Дру, Пиц Бадиле и Гранде Чима ди Лаваредо во една сезона. Умира во една од поголемите несреќи во Хималаите и Каракорум кога на 13 август 1995 таа и уште шестмина други алпинисти кои успешно се качуваат на врвот, умираат за време на спуштањето во страотно невреме. Нејзината идеја беше да ги качи и спушти највисоките три врвови на светот комплено соло и неасистирано.

Том Балард пак беше светски познат алпинист кој го следеше животниот пат на мајка си. Тој во 2014-2015 година успеа да ги качи шестте големи северни стени на Алпите во зима и целосно самостојно – со што стана првиот човек да го комплетира тој подвиг. Филмчето „Том” го опфаќа овој подвиг на Том.

https://www.youtube.com/watch?v=40LVB4sZB2c

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија