600 километри долгата трансверзала Ком-Емине измината во зимски услови

Најдолгата планинска трансверзала во Бугарија која движи низ билото на Стара Планина овој месец беше целосно измината од бугарскиот ултрамаратонец Божидар Антонов. 

Божо е познат на ултрамаратонската сцена во Бугарија и пошироко најмногу по неговите неколкукратни минувања на оваа најдолга планинска дистанца во Бугарија, според податоците и најдолга непрекината планинарска патека во Европа. Ком-Емине претставува 600 километри долга делница која оди по целото било на Балкан планина (Стара Планина) со старт од врвот Ком и финиш на ‘ртот Емине Емине на Црно Море. Патеката качува и симнува приближно 14000 висински метри.

Низ претходниве години Божидар беше во неофицијална „битка” заедно со професионалниот тркач Кирил Николов Дизела за најбрзото минување на оваа трансверзала во летни услови. Последните бројки од 2015 година на Дизела се 4 дена и 13 часа, рекорд што минатото лето беше подобрен на 4 дена 8 часа и 27 минути од страна на Антонов, иако не беше изваден целосен запис за минувањето.

Видео – С Божо на море

Сепак, Божидар оваа зима настапи со сосема нова и луда авантура за минување на целиот гребен во календарска зима. Тој започна на 18.02.2019 и беше следен од неговата мала и мобилна логистика која често објавуваше новости за движењето. Некаде на средината временските услови обезбедија големи количини на нов снег кој донесе тежина и неизвесност во минувањето.

Сепак, заедно со на неговата екипа која попатно беше помагана од голем број на други љубители на планината, со високата мотивација и посветеност, Божо успеа да ја мине трансверзалата за неверојатни 9 дена, 4 часа и 51 минута.

Овојпат, рекордот беше пратен со помош на ГПС уред на следниот линк.

Интересно е да се напомене дека Божидар Антонов практикува целосно веганска исхрана т.е. не внесува животински продукти во неговата исхрана, па затоа логистиката има должност сериозно да се бави со готвење на вкусни чорби, салати и тави.

Повеќе за минувањето читајте тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија