Форуми за рурален развој – Заштитено подрачје „Осоговски Планини”

Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, предвидено е воспоставување на заштитени подрачја (ЗП) во сливот на река Брегалница.

Во процесот на одбирање на приоритетни подрачја за заштита, во соработка со клучните страни и со одлука на Источниот плански регион (ИПР), беа селектирани Осоговските Планини и Ченгино Кале како најпогодни подрачја за отпочнување процес за прогласување.

Како дел од процесот на спроведување на кампања за воспоставување на заштитено подрачје на Осогово, на 23 февруари 2019 година, со почеток во 10:00 часот, во фоајето на НУЦК „Бели мугри” во Кочани (Ул. “Кеј на револуција” бб.) ќе се одржи Форум за рурален развој, чија цел е запознавање на локалното население со процесот за прогласување на Осогово како заштитено подрачје, како и придобивките и обврските што ги носи заштитеното подрачје во однос на земјоделството и шумарството во заштитено подрачје.

Сличен форум за локалното население од Општините Кратово и Крива Паланка ќе се одржи на 24 февруари во салата на Општина Крива Паланка со почеток од 11ч.

ДНЕВЕН РЕД за 23.02.2019 (Кочани)

09:30-10:00 Регистрација на учесниците

10:00-10:15 “Обраќање на г-дин Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани и претседател на Советот на ИПР
Обраќање на претставник од МЖСПП, г-дин Владо Атанасовски, сектор за природа”

10:15-10:30 Раководител на програма за заштитени подрачја, Македонско еколошко друштво- Деспина Китанова: Предлог за заштитено подрачје Осоговски Планини

10:30-10:45 Проф. Соња Ивановска, Факултет за земјоделски науки и храна: растително производство во идното заштитено подрачје на Осогово

10:45-11:00 Проф. Владимир Џабирски, Факултет за земјоделски науки и храна: сточарството во идното заштитено подрачје Осогово

11:00-11:15 Проф. Николчо Велковски, Шумарски факултет – Скопје: шумарството во идното заштитено подрачје на Осогово

11:15-11:30 Позитивни примери: Рурален туризам во Лесново и живот во заштитено подрачје – Национален парк „Пелистер”

11:30-12:30 Прашања и дискусија

12:30-13:00 Кафе и закуска

Македонско Еколошко Друштво

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија