Има ли разлика хидрирањето во зима?

Вежбањето на отворено во зима можеби не ве прави толку жеден ниту пак испотен како во лето, но дали тоа значи дека постојат промени во потребите за вода во зимскиот период?

Иако недостатокот на течности претставува поголема грижа во летните и потоплите периоди, сè уште е исклучително важно да ги надополнувате течностите што ги губите за време на вежбањето во зима и да одржувате добри навики за хидратација без разлика на временските услови во кои се наоѓате или вежбате.

Можеби на студеното време продуцирате значително помалку пот, но бидете сигурни дека вие се потите само што тоа многу бргу испарува од вашето тело. Доколку одите на полесна тренинг варијанта (краток џог или полесен тренинг) не морате да носите вода со вас и константно да се хидрирате, освен ако не сте сериозно дехидриран пред да почнете.

Сепак, бидете сигурни дека недостатокот на течности е во можност да ве снајде и на студено слично како и на пекол сонце. Доколку потрошите доволно време во интензивен напор бидете сигурни дека ќе ги осетите првите физиолошки знаци на дехидратацијата, па затоа одржувајте адекватен баланс на флуиди во телото во текот на целиот ден, без разлика на временските услови.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија