Моро се повлекува од Манаслу поради лавинска опасност

Откако последната снежна бура на врвот Манаслу донесе и до 6 метри нов снег, единствената опција на тимот кој оваа сезона целеше кон зимско искачување е да се евакуира.

Големите количини на нов снег кои се наталожија на планината во претходните денови доведоа до низа на лавини на стрмните падини од Манаслу. Поради овие причини тимот на Симоне Моро и Пебма Гелје Шерпа кои оваа година целеа кон зимско искачување на врвот беше евакуиран од планината. 

Ќе бидат потребни околу 2-3 недели од стабилно време за новиот слој од околу 6 метри да се „исчисти” и стабилизира за да се овозможи безбедно качување што е скоро и невозможно на овие планини со оглед на сезоната, вели Моро. 

Видео од невремето:

Една од лавините се спуштила дури и до нивниот базен камп. „Во последните неколку денови, целта за искачување на врвот се претвори во преживување и одржување на нашите шатори да не бидат затрупани од снегот. Постојано моравме да одржуваме смени за да го одржиме кампот незатрупан што беше навистина тешко.” – пренесува преку неговата официјална Фејсбук страна.

51-годишниот Италијанец е првиот и единствен искачувач на четири врвови над 8000 метри во зима – Шишапангма во 2005, Макалу во 2009, Гашербрум II во 2011 и Нанга Парбат во 2016.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија