When in Krusevo – Winter is Here!
После двата успешно организириани летни фестивали – When in Krusevo, оваа зима, за прв пат вљубениците во Крушево и природата ќе можат да уживаат во викенд дружење со зимскиот фестивал „When in Krusevo – Winter is Here!”.
Настанот ќе се одржи од 8-ми до 10-ти февруари во Крушево, а организоторите ветуваат одлично дружење, забава и чист воздух во изобилство.
Зимската верзија на фестивалот ги вклучува следните спортски активности: рекреативна планинарска тура, зимски тандем параглајдинг, попуст за дневна ски карта, часови за нордиско и алпско скијање. Забавата и овој пат не е изоставена, предвидени се рок подиум и DJ подиум во локаните барови OldSchoolCafe и SnowKtichenBar, каде што настапуваат TheHounds, MarioEddie и останати локални изведувачи.
Освен вечерните журки, за прв пат ќе се одржи и дневна забава со дегустација на познатите крушевски специјалитети и други изненадувања.
Картата чини 500 денари, а со купување на истата добивате уникатна маичка од фестивалот, со илустрација на познатиот македонски артист ТхеМичо, алуминиумско шишенце и подароци од остнатите спонзори.
Со приложување на вашата карта, добивате и можност за попуст на сместување во вилите и хотелите објавени на веб страната на фестивалот (http://winter.wheninkrusevo.mk). Добивате попуст за дневна ски карта за само 400 денари или повратна карта за жичара од 100 денари, тандем параглајдинг со цени од 1500 денари и обезбеден влез за ноќните журки.
Картите се во продажба преку продажната мрежа на MkTickets (http://www.mktickets.mk) и платформата за outdoor активности When in X (http://www.wheninx.com).
Outdoor Manifest