Асикс ќе рециклира за олимпијадата во Токио

Летните олимписки игри во Токио ќе бидат првите во историјата на кои еден национален тим ќе настапи во облека која e комплетно добиена од рецклирање на стара и употребувана спортска опрема.

Јапонија и азискиот континент ќе бидат пионери во рециклирањето на спортска опрема која ќе биде користена за време на Олимписките игри во Токио 2020 година. Произведувачот на спортска опрема Асикс, кој инаку е официјален спонзор на jапонскиот олимписки тим, ќе биде првиот гигант од оваа индустрија кој во изработката на националните дресови ќе користи материјали кои се 100% добиени од рециклирана спортска опрема.

За потребите на овој проект од Асикс очекуваат да бидат собрани 30000 парчиња облека кои ќе бидат донирани во специјални боксови во спортските продавници и на различни спортски настани во периодот што претстои. На ваков чекор тие се одлучиле пред се заради зголемениот притисок врз текстилната индустрија и напорите таа да користи материјали кои се одржливи на подолог временски период и кои во помала мера го загадуваат еко системот.

Целата опрема на домаќинот на ОИ ќе биде изработена од рециклиран полиестер, додека пак останатите материјали кои ќе бидат добиени со донирањето ќе бидат рециклирани и употребени како гориво.

Текстилната индустрија важи за еден од најголемите загадувачи на светско ниво. Годишно 10% од вкупната емисија на штетен гас и 20% од вкупната количина на отпадни води доаѓаат токму од оваа индустрија. Исто така 85% од текстилот кој не успева да се продаде се уништува со горење.

Илустративно, за да се добие количина на памук која е потребна за да се направи еден пар фармерки потребни се околу 10000 литри вода колку што би потрошил еден човек во период од 10 години.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија