Авдил Салиху добива лиценца за про менаџер за бокс и промотор

Професионалната Федерација на Македонија во бокс му доделува лиценца за Менаџер и Промотор на Авдил Салиху, со што стана активен член на Европската боксерска унија – ЕБУ.

Инаку ова одлука на ова професионална институција е многу праведна кога се знае дека Салиху во последните две години аранжираше неколку бокс и кикбокс дуели, а имаше и мечеви за европски и светски тутули во неколку истакнати федерации. Истиот се покажа многу успешен и како Промотор на три големи настани што се одржаа во Косово и две во Швајцарија. Салиху сега е ангажиран и во еден голем настан како промотор што ќе се одржи во Улцињ, Црна Гора во 3 Август 2019. “Имаме неколку професионални боксери во светот кои покажуваат високи достигнувања но за жал истите ги менаџират странски менаџери, бидејќи имаме недостиг на истите.

Јас сум бил многу години успешен спортист но и тренер и многу добро ги знам болките на борците кои имаат за цел да стигнат до врвните резултати, но поради технички причини не можат да ги реализираат своите соништа. Причините се различни, а еден од нив се менаџерите кои според мое мислење се клучни луѓе кои им овозможуваат на квалитетните спортисти да влезат во врвните професионалните достигнувања. Значи, ова официјално лице треба да биде способен да ја врши ова работата и да има контакти со познати промотори, како и соработка со други менаџери. Исто така треба на своите спортисти да им овозможи голема промоција преку различни медиуми.

„Треба да биде во тек со медицински прегледи како и нутриционистите и да имаат тесна соработка со тренерот, затоа што реално тренерот го има најтешката задача да создаде шампион”, вели Салиху, додавајќи дека сега тој има неколку боксери кои сакаат да бидат под негова “палка”, а еден од нив е европски првак во WBU, Арманд Цулхај со што и официјално многу брзо ќе почне со соработка. “Имам неколку боксери од Македонија и од Европа што сакат јас да ги менаџирам, но моментално не сакам да давам имиња додека истите не се официјализираат со договор”, рече Салиху, кој за крај му се заблагодари на претседателот, Дарко Цатлески за довербата што му ја даде и ветува дека многу брзо и во Македонија ќе се организира голем професионален боксерски настан.

“Цатлески е голем работник на професионалниот бокс и затоа денес е еден од најпознатите и почитувани делегати на ЕБУ. Со него имаме неколку планови за доброто на нашите боксери затоа што истите треба да имаат поголема поддршка”, вели Авдил Салихи, кој е вработен како Советник за Спорт во Град Скопје.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија