Божиќен и здрав Polleo Sport колач

Овој фит колач е едноставен, брз и неверојатно вкусен. Со оглед дека секое готвење е со цел, овoj рецепт e за оние кои внимаваат на својата линија, токму заради нутритивните вредности.

Состојки

– 60 gr Whey протеин
– 100 gr Овесни снегулки или брашно
– 1 лажичка кокосово масло
– 1 dcl кокосово млеко
– 200 gr јогурт со ниска масленост
– 2+1 јајца
– 500 gr посно сирење
– 300 gr шумско овошје (одмрзнато)
– Пола кесичка прелив за торти (или желатин)
– Пола лажичка прашок за пециво
Сируп од чоколадо или стевиа
– Малку сол

Подготовка

ПОДЛОГА

1 Го ставаме овесот во брашното и го мешаме со едно разматено јајце.

2 Потоа додаваме 1 лажица кокосово масло, кокосово млеко, прашок за пециво, малку Сируп од чоколадо или стевиа и малку вода ако е потребно и мешаме додека оваа смеса не се соедини.

3 Префрлете ја мешавината во садот за печење на хартија за печење и печете во рерна 15 до 20 минути на 180 степени додека не се стврдне и не се одделат рабовите.


КРЕМ

1 Јогурт, 2 јајца, сирење, протеин и малку Сируп од чоколадо или стевиа се мешаат со миксер додека не се обединат сите состојки.

2 Готовиот крем го размачкуваме на бисквитот, и го ставаме во рерна на 170 степени 25-30 мин.

3 Отстранете ја тортата од рерната и оставете ја да се олади, а потоа додајте ги шумските плодови.

4 Оставете ја тортата во фрижидер преку ноќ.

5 Исечете ја на 10 еднакви коцки.

*Препорачани се две коцки на еден оброк.

Нутритивна вредност на цела торта:
Протеини: 153 гр
Масти: 70 гр
Јаглехидрати: 122 g
Нутритивна вредност на 1 коцка:
Протеини: 15,3 g
Масти: 7 g
Јаглехидрати: 12,2 g