Нов светски рекорд во 70.3 Ајронмен

Новиот светски рекорд во 70.3 Ајронмен одново го поставува прашањето за тоа до каде оди границата на човековите можности и издржливост.

На 09.12.2018 година во Бахреин на Мidle East Championship беше поставен нов светски рекорд во дисциплината 70.3 Ајронмен. Сопственик на новиот рекорд е Норвежанецот Кристијан Блуменфелт кој патеката составена од 1.9км пливање, 90км велосипедизам и 21.1 км трчање успеа да ја заврши за неверојатни 03:29:04 часа што е подобро од претходниот рекод за точно пет минути.

Блуменфелт во буквална смисла ги искористи идеалните услови за натпреварување во Бахреин и успеа да извојува победа пред сонародниците Густав Иден и Гаспер Сторнес кои истотака беа побрзи од сега веќе стариот рекорд на Германецот Михаел Раелерт. Времињата на второ и третопласираниот беа 03:29:25 часа и 03:33:31 часа.

Гледано по сегменти светскиот рекорд на Блуменфелт изгледа вака:

-пливање 1.9км – 00:21:36 часа
-велосипедизам 90км – 01:56:52 часа
-трчање 21.1км – 01:06:58 часа

Во женска конкуренција Холи Лоренс од Британија, светската шампионка од 2016 година, успеа да ја одбрани титулата од 2017 година на ова натпреварување. Таа патеката во Бахреин ја заврши за време од 03:59:20 часа, што беше доволно за победа пред сорадничката Сара Луис и Австралијанката Ели Солтхаус кои на подиумот финишираа со времиња 04:00:14часа, односно, 04:06:25 часа.

Неизвесниот финиш на женскиот дел од натпреварувањето и борбата во текот на целата трка, направи женсккиот дел од натпреварувањето да не помине во комплетна сенка на машкиот дел во коj се испиша историја.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија