EWING SARCOMA – DPT Sci ДЕНИС АРСОВСКИ

Ewing sarcoma претставува тумор на мали округли клетки (плави округли клетки). Туморските клетки се во големина на хистоцити – 2-3 пати поголеми од лимфоцити. Туморските клетки се од невроектодермално потекло, со висока степен на недиференцираност. Овој тумор претставува доста ретка неоплазма (6-16% од примарните малигни тумори на коските).

Се среќава кај 80% од пациенти помлади од 20 години. Најчесто се наоѓа на дијафизите или метадијафизите на долгите коски. Ретко се среќава во плоснатите коски. Клинички се карактеризира со :
– Болка;
– Оток;
– Зголемена температура (38 степени);
– Анемија;
– Леукоцитоза;
– Забрзана седиментација.
Симптомите се карактеристични за остеомиелитис!
Радиографски се карактеризира како:
– Остеолиза (коската како да е изедена од молци);
– Онион-скин (слоевита периостална реакција);
– Голема мекоткивна туморска маса.
Прогнозата зависи од локализацијата (туморите на карлицата имаат лоша прогноза), големината на туморот, настанување на метастази (во белите дробови). Има 5 години преживување кај 41-73% од пациентите. Терапијата се заснова врз:
– Биопсија;
– Постбиопсиска хемотерапија;
– Хирургија;
– Адјувантна хемотерапија.