Тркачи, зимата е за…?

Тркачката филозофија вели повеќе=подобро. Не дека во ова нема вистина, но зимата е идеален период за одмор и припремање на телото за она што го очекува на пролет.

Зимата за сите тркачи е резервирана за вонсезонски тренинг и претставува период во кој би требало да се работи на зајакнување на телото и одржување на аеробниот капацитет притоа намалувајќи ги истрчаните километри на неделно и месечно ниво. Оттаму крос-тренингот е нешто што е речиси задолжително за секој тркач без разлика дали е професионалец или аматер.

Крос-тренингот претставува заменска активност која ќе го предизвика телото во физичка смисла но во исто време и ќе го поштеди од репетитивниот стрес на трчањето. Во најголемиот дел од сезоната првиот избор за крос-тренинг веројатно би бил велосипедизам, но во услови која температурата е ниска тоа и не е баш најсреќно решение. Следуваат неколку предлози за крос-тренинг во зимски услово кои идеално ќе го заменат трчањето.

 

Скијање, Крос-Кантри, Турно

Зимските спортови на снег се одлична замена за трчањето. Користејќи скии ги активирате речиси сите мускули на нозете и трупот и тоа во времетрање од неколку часови. Ако одберете пак крос-кантри скијање тогаш добивате комплетна вежба за целото тело и вистински поттикнувач на максималната искористеност на кислород во телото. Со турното ќе добиете и екстра издржливост во пакет со веќе споменатите придобивки од зимските спортови.

Лизгање на мраз

Уште една одлична идеја за заменски тренинг е лизгањето на мраз. Ако го има во вашето опкружување тогаш без дилема одвојте дел од седмицата за ваков тип на активност. Сем што е забавно и супер опција за дружење, лизгањето е можеби најдобар начин да ги зајакнете квадрицепсите, мускулите на колковите и јадрените мускули.

Пливање

Можеби првата асоцијација за пливање е лето, но пливањето е потполно изводливо и во зима. Пливањето е спорт кој активира најголем број мускули, гори калории речиси идентично како и трчањето и сето тоа со минимален или незначителен импакт врз сврзните ткива кои се веќе истрошени од долгата тркачка сезона

Спининг

Спинингот е совршена замена за велосипедот. Во услови на ладни денови спинингот ќе ја направи потребната разлика и во физичка смисла вистински ќе ве предизвика. Одличен е за листовите, глутесите, колковите и квадрицепсите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија