Италијански презентери за скијање и алпинизам на ЕХО 2018

Покрај великаните Вјелицки и Каро кои идната недела ќе настапат со свои презентации на деветтото издание на ЕХО филмскиот фестивал, ќе имаме можност да ги слушнеме презентациите на италијанските спортисти Ариана Трикоми (фрирајд скијање) и алпинистите Алберто Ости Гуераци и Алберто Шампликоти. 

Ариана Трикоми е 27-годишна Италијанка која доаѓа од гратчето Корвара сместено во Доломитите. Таа скија фрирајд и е спонзорирана атлета на тимот Атомик, а оваа 2018 година стана светска шампионка во фрирајд на светската турнеја Фрирајд Ворлд Тур. Воедно, на нејзиното прво настапување на оваа турнеја во 2016 година таа го освојува третото место на женскиот подиум.

Покрај скијањето таа е активно сурфа и планинари, а оваа година беше дел од филмскиот проект „Бескрајна светлина – приказни од Северот” кој ќе биде прикажан на ЕХО 2018.

Подолу ви прикажуваме дел од врвното скијање на Ариана оваа сезона, односно победничкото спуштање на натпреварот во Андора.

Презентацијата на Ариана насловена како „СВЕТСКИ ФРИРАЈД ШАМПИОН ЗА 2018″ е закажана за 20 ноември (вторник) во 19 и 30 часот.

Покрај Ариана, истотака од Италија ќе имаме можност да ги слушнеме и алпинистите Алберто Ости Гуераци и Алберто Шампликоти кои ќе настапат со презентацијата насловена како „Не само Алпите” која ќе има за цел да ги претстави убавините и можностите за качување и планинарење на планинскиот венец Апенини во Италија.

Презентацијата на дуото Алберто насловена како „НЕ САМО АЛПИТЕ” е закажана за 22 ноември (четврток) од 19 и 45 часот.

Целата програма може да ја најдете тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија