Отворено пријавување за петтото издание на Струмина Треил во Штип

Во следните 10 дена, до 11 ноември ќе можете да се регистирате за петтото идание на трката во планинско трчање во околината на Штип – Струмина Треил. 

Петтото издание на Струмина Треил ќе се одржи на 18.11.2018 со старт од медицинското училиште Јане Сандански – Штип во 10:00 часот. Патеката е со должина од 18км со 750м +Д. Имаме една освежителна станица во селото Липов Дол (8.9км), а попатно се минува покрај неколку чешми и тоа Струмина на 2.8км, Љупчова на 7.1км и Куртбунар на 17.5 км.

Пријавувањето започнува од 1.11.2018 и трае до 11.11.2018 преку следниот линк. Стартнината изнесува 100 денари. 

На следниот линк може да пронајдете нешто повеќе за минатите изданија на трката. 

Мапа и висински профил на патеката. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија