Fit Games vol. 2 – натпревар во функционален фитнес

На 07.10.2018 година (недела) се оддржа второто издание на Fit Games Vol. 2 – натпревар во функционален фитнес. Натпреварот помина во одлична атмосфера. Квалитетот на натпреварот беше на неспоредливо поквалитетно ниво во однос на минатогодишниот.

Имено, оваа година Fit Games Vol. 2 се оддржа во склоп на 6 годишната роденденска прослава на Skopje City Mall, на платото пред трговскиот центар. Имаше силен натпреварувачки дух (тоа сликовито ќе го видите преку сликите во оваа галерија). Натпреварот беше посетен од многумина луѓе кои беа дојдени да ги гледаат, бодрат и мотивираат натпреварувачите и кои беа случајни минувачи.

Организаторите обезбедија парични и останати вредни награди. Вкупниот награден фонд на овој натпревар изнесуваше 700 евра кој е распределен помеѓу првите 3 пласирани од двете категории мажи и жени. Честитки до момците и девојките со најдобри резултати оваа година на Fit Games! ???

Во категорија мажи:

?Игор Попоски

?Иван Благојевски

?Бојан Диков

Во категорија жени:

?Теодора Цветковиќ

?Илина Георгиевска

?Јорде Саздовска

За 1во место во двете категории добија по 200 евра, ранци Nike, Sony Wireless Headphones од Galerija (Skopje City Mall). За 2ро место во двете категории беа поделени по 100 евра. За 3то место во двете категории беа доделени 50 евра. Сите 6 натпреварувачи кои се качија на пиедесталот добија вредни награди од нашите спонзори: месни производи од Pirutnina Ptuj ваучери од Qubit Plus и Cryo MK и пакет протеински барови од BeHealthy.

Натпреварот немаше да се оддржи без несебичната поддршка од Skopje City Mall, Општина Карпош, Nike, Ewopharma – Flexofytol, Fitness House, SN Осигурителен Брокер, вода MaYa, Perutnina Ptuj, Be Healthy, Cryo MK, Qubit plus, Млекара Јока, ПроМедика и Алгасан. Огромна благодарност до коорганизаторот на овој настан – Оливер Целески и Nagomy Fitness Center, судиите, и сите оние кои помогнаа и се погрижија овој настан да се реализира безпрекорно од логистички и организациски аспект.

Секако, благодарност и до нашите фитнес пријатели кои го поддржаа овој настан – Ultimate Fit Alebras, Фитнес Револуција и Мој Тренер, Голема благодарност и до модератор на настанот – Марко Новески и на нашиот познат hip hop DJ Irie Scratch кој не забавуваше до самиот крај на натпреварот. Благодарност до сите учесници и поддржувачи на Fit Games Vol.2! 

Се гледаме следната година! 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија