Длабоко во тишината

Во природата на човекот е да оди до крајните граници на природата и сопственото тело. Желбата за повеќе, во смисла на себенадминување, е таа што не тера да одиме побрзо, повисоко, подлабоко.

Ако сте љубители на екстремни спортови тогаш сте на вистинското место.

Фридајвингот за многумина е најекстремниот спорт кој може да го изберете. Поентата на спортот е да се спуштите колку што е можно подлабоко во водата притоа користејќи само пераи (монофин) и едно јаже-кабел по кое се движите. Овој мал и опасен спорт со едни од најпосветените спортисти воопшто има свои такмичења низ целиот свет а на едно од нив годинава беше поставен и светски рекорд во најдлабоко нуркање.

Вертикал блу (Vertical Blue) е годишно натпреварување во Фридајвинг кое се одржува секоја година почнувајќи од 2008 година. Местото каде натпреварувачите нуркаат длабоко во океанот се нарекува Dean’s Blue Hole и се наоѓа на Бахамите.

Во суштина таа претставува голема дупка која вертикално се спушта до длабочина од 202м и по таквите карактеристики претставува втора најдлабока во светот.

На годинешното издание на Вертикал блу, Рускиот фридајвер Алексеј Молчанов се нурна најдлабоко во историјата на човештвото. Неговиот рекорд кој сега веќе е и светски рекорд изнесува 130 метри. Нуркањето траело вкупно 3 минути и 55 секунди. Молчанов е и светски првак, а севкупно на светските првенства има освоено 15 медали. Неговиот личен рекорд на задржување на здив под вода во статична позиција е 8 минути и 33 секунди.

Погледнете го видето од светскиот рекорд и уживајте…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија