Македонскиот тим на УТМБ 2018 со тројна успешна заедничка завршница

На 15-тото издание на трката Ултра Треил ду Мон Блан со старт на 31.08.2018 во 18 часот по локално време во Шамони, од  петмината учесници трката успешно ја завршија само тројца тркачи. Сепак одличен успех за Македонија!

Игор Пирковски, Игор Јовановски и Жикица Ивановски од клубот Трекс/ПСД Макпетрол истрчаа 171 километри со 10.000 метри денивелација за 35 часа и 37 минути со заеднички финиш на целта и рангирање на 357, 358 и 359-то место. Тие пристигнаа изутрината во 05:40 часот на 02.09.2018.

Никола Цицоски и Александар Симјаноски се откажаа по истрчани 79 односно 84 километри. 

Победници на трката се:

Мажи:
1 – Xavier THEVENARD (20:44:16)
2 – Robert HAJNAL  (21:31:37)
3 – Jordi GAMITO  (21:57:01)

Жени:
1 – Francesca CANEPA (26:03:48)
2 – Uxue FRAILE AZPEITIA (26:08:07)
3 – Jocelyne PAULY (26:15:11)

УТМБ претставува една од најголемите и најпознатите ултрамаратонски планински трки каде учество земаат преку 2400 тркачи од целиот свет, како и најелитните светски ултрамаратонци.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија