Покана по повод светскиот ден на физиотерапевтите 2018

Со големо задоволство и чест сакам да ве поканам во името на сите членови и колеги физиотерапевти да бидете дел од одбележувањето на Светскиот ден на физиотерапевтите 2018. 

Се надеваме на ваше присуство и заедно да им дадеме мотив на сите македонски физиотерапевти да бидат истрајни во постигнувањата на своите цели.

Македонското физиотерапевтско здружение во својата прогрaма по повoд овој ден има предвидено и доделување на благодарници за своите пријатели и колеги, затоа ќе ни биде драго да бидете со нас и лично да ви се заблагодариме за вашата долгогодишна подршка. Во прилог ви ја испраќам и официјалната програма на настанот.

Светскиот ден на Физиотерапевтите 8-ми Септември
World physical therapy day 2018

07/09/2018 ЕУ-инфо Центар Скопје од 11:00 – 13:00 часот

ПРОГРАМА

  • 11:00 Отварање на настанот –Сци.ФТ Никодин Велјаноски – потпретседател
  • 11:10 Обраќање на претседателот Дипл.ФТ Блаже Арсов
  • 11:20 Обраќање на Др.Венко Филипче министер за здравство на Република Македонија
  • 11:30 Обраќање на пациент со цистична фиброза
  • 11:40 Обраќање на пациент со мултипла склероза
  • 11:50 Обраќање на претставник од ЕУ делегацијата
  • 12:00 Обраќање на пациент со ретка болест
  • 12:10 Доделување на плакети на колеги
  • 12:20 Благодарници за спонзори
  • 12:30 Дружење со гостите и коктел

Со почит,

Блаже Арсов /Blazhe Arsov
Претседател на Македонско физиотерапевтско здружение /
President of Macedonian society of physiotherapists