Темелите на правилната суплементација

Додатоците се користат и се препорачуваат за сите кои сакаат да ги подобрат своите перформанси, да имаат поквалитетен живот, подобра општа здравствена состојба или тежина, да добијат поголема мускулна маса и подобар изглед. Тука треба да се стави посебен акцент на состојките и нивната синергија, дозата, и времето во кое треба да се земат.

На почетокот  треба да се напомене дека правилните чекори лежат на нутриционистички темели, бидејќи без нив не постојат високо-квалитетни резултати. Не можете да тренирате, да пиете топач на масти, BCAA и протеини и да очекувате резултати без балансирана исхрана. Тоа е клучот на успехот со пробивање на сопствените генетски бариери и напредување кон целта. Значи, со соодветна исхрана и правилни суплементи ќе ги издигнете резултатите, силата и мускулите на повисоко ниво. Да почнеме со основите!

СОСТОЈКИ

Кога сте вежбале напорно во теретана и со месеци сте се спротивставувале на сите слатки задоволства, сакате да ја скршите рутината и да вежбате со поголема брзина. Сепак, вие сте во ситуација кога меѓу стотици производи не знаете што да одберете.

Првото нешто на кое што треба да обрнете внимание се состојките, дека се тестирани и докажано ефикасни и безбедни за луѓето. Вистинските состојки се тестираат во лабораториски услови и во реалниот свет нивната ефикасност е потврдена. Таквите состојки ќе обезбедат загарантирани резултати во однос на зголемена сила, мускулна маса и подобри перформанси.

Втората суштинска состојка е безбедноста. Сите состојки во додатоците мора да имаат долга историја на токсиколошки истражувања и мерливи податоци зад нив за да го потврдат сето она што производителите ветуваат кога ги рекламираат своите производи.

ДОЗИРАЊЕ

Откако ќе бидете убедени во исправноста на состојките, следното нешто што треба да обрнете внимание е дозата. Поточно, додатоците треба да достигнат одредено ниво во телото за да бидат ефективни. Затоа, не плашете се да ги земате препорачаните дози на задниот дел од производите кои биле тестирани на многу луѓе.

На пример, креатин монохидратот, со право се смета за еден од најефикасните додатоци за зголемување на силата и мускулната маса достапна на пазарот. Користењето на мали дози на креатин нема да резултира со “мали резултати”, само затоа што се плашите дека со овие 5 грама ќе добиете премногу мускул. На тој начин, само ќе фрлате пари во вода, бидејќи микродозирањето нема да ве однесе никаде.

Избегнувајте производи кои немаат точен процент на состојки, бидејќи не можете да знаете што да земете и како воопшто да ги користите.

СИНЕРГИЈА НА СОСТОЈКИТЕ

Сега кога знаете кои состојки се и како да ги дозирате, следната важна работа што треба да се разгледа е синергијата или како состојките реагираат едни на други за максимални перформанси. Многу од состојките реагираат многу подобро кога се мешаат со други, отколку кога се одвоени посебно.

Квалитетната синергија ќе значи дека сите состојки во производот заедно даваат максимални резултати во зависност од вашите цели и желби. Ова би значело дека треба точно да знаете што сакате да постигнете, бидејќи секако нема смисла да консумирате топач на масти и гејнер во исто време, бидејќи таквата комбинација сигурно нема да доведе до топење на маснотиите, а истовремено да ја зголеми  мускулната маса. Ова е една од причините зошто треба да учите повеќе за секоја посебна состојка во вашиот нов суплемент пред да го купите сами.

ТАЈМИНГ 

И последното нешто што треба да го прочитате на суплементот е кога да го земете. 

Земањето додатоци во точно време ќе овозможи и ќе обезбеди многу подобри резултати отколку да ги земете случајно во текот на денот. Тука повторно, важна улога уште еднаш се вашите цели и што сакате да добиете од суплементите, така што тие треба да се консумираат според инструкциите на производителот за да се постигне максималниот ефект.

За да купите квалитетни и ефикасни суплементи, треба да направите детални истражувања за точно да знаете што купувате, без разлика дали производот ќе ви ги донесе саканите резултати и колку пари ќе инвестирате. 

Експертите во Polleo Sport секогаш се во можност да ви помогнат и да ви дадат точни и прецизни информации за тоа што ви е потребно на вас. Тие се специјално едуцирани за додатоците во исхраната и секогаш ќе бидат среќни да објаснат за што служат, и како, кога и зошто се користат. Секако дека најважно е да купувате и користите оригинални производи. 

Имајте на ум дека суплементите не можат да сторат сè, без соодветна исхрана и тренинг. Се разбира, подеднакво е важно да знаете кои се вашите цели и како да го прилагодите вашето купување.