Како правилно да ги искоритите топачите на масти (fat burners)?

Дојде летото, и се ближи денот кога треба да се облечеме во лесна облека која ќе го истакне нашето тело, и можеби и време за намалување на вишокот на маснотии кои ги собиравте во зимскиот и пролетниот период. Започнете го процесот на симнување на вишок маснотии и дефинирање на телото.

Со намален внес на калории во текот на денот, како и воведување на кардио тренинг – на прав пат сте. Дополнителна помош може да бидат топачите на масти (fat burners).

Топачите на масти ќе го забрзаат согорувањето на масти. Мора да го користите правилно, со цел да не направите јо – јо ефект, односно брзо да ги вратите потрошените масти, заради недостаток на сила како последица од неправилна диета и погрешно конзумирање на суплементите. Polleo Sport експертите ќе посочат неколку совети:

Внимавајте на дневниот внес на калории

Ако сте во фаза на дефиниција, значи сте во колориски дефицит, односно дневниот внес на калории е помал од вкупните потрошени калории. Проблемот што се јавува е во тоа што со претерување со тренинзи и премалиот калориски внес може да доведат до рапидно смалување на силата и успорување на метаболизмот. Затоа е потребно да обрнете внимание на доволниот внес на протеини, така што во текот на овој процес мускулите не би станале “колатерална штета”. Внесот на протеин на кои што би требало да се задржите е минимум 2.2 до 2.5 гр протеин на килограм телесна тежина.

Прилагодете ги оброците спрема типот на fat burnerot

При купување на fat burner треба да знаете дека секој од нив делува различно и дава максимални резултати во специфични услови. За некои fat burner препорачливо е да се конзумираат на празен желудник, додека други реагираат позитивно кога се во паралелен внес со други нутриенти. На пример, спрема истражувања докажано е дека екстрактот гарсинија камбоџија, кој е еден од основните состојки на fat brunerite, реагира многу подобро на празен желудник. Затоа секако најдобро е да го прашате продавачот за совет при купувањето и внимателно прочитајте го упатството на производот.

Обрнете внимание на времето на конзумирање

Конзумирање на fat burner-те во одредено време во денот може да биде клучно како би постигнале максимален ефект. Ако целта на конзумирањето е да го намалите апетитот, тогаш се препорачува да се земе наутро пред првиот оброк. Земено во предвид неговото pre-workout делување, можете да го конзумирате околу пола час пред почетокот на тренингот и да го искористите неговиот енергетски “boost”. Ако пак тренирате наутро, се препорачува да се конзумира измеѓу големите оброци, со цел да се намали апетитот.

Доволно сон – подобри резултати

Доколку сакате да го зачувате здравјето и силата во организмот, клучно е да имате довлна количина на сон. Дури и мал недостаток на спиење може да го успори согорувањето на масни наслаги. Квалитетен сон го подобрува метаболизмот и процесот на топење масти, така да конзумирање на fat burneri може да го доведе телото до максимално согорување на мастите, што е сигурно подобро, отколку го надокнадувате недостатокот од спиење и лошите навики. На една просечна личност и е потребно осум саати сон, што позитивно влијае на нивото на тестостерон, а го намаува лачењето на кортизол. Количината на сон влијае и на нашата мотивација, тренинг и самодисциплина. Fat burner не се препорачува да се конзумира во доцните попладневни часови со цел да не се одрази негативно на вашиот сон.

Внесувајте доволно вода

Еден од најкорисните совети за нашето здравје, па така и за побрзо топење на мастите е доволниот внес на вода дневно. Водата е извор на живот и енергија за се што правиме во текот на денот, така што неадекватна хидрација на организмот може да придонесе до полош тренинг и послаби резултати. Редовниот внес на вода доведува до таканаречена метаболичка флексибилност, т.е. подобри можности за искористување на јаглехидратите и мастите во создавање на енергија која се троши преку секојдевни активности. Исто така, внесот на вода наместо газирани пијалоци и алкохол предизвикува калориски дефицит и побрзо топење на мастите. За постигнување на оптимални резултати се препорачува внес од 250мл вода со една доза од fat burnerot, а количината на вода треба да ја зголемувате додатно во текот на летото.