Колку вода треба да се пие во лето?

Општиот совет е да се пие што повеќе вода во топлите летни денови. Но дали вие пиете доволно вода и кои се симптомите на дехидратација?

Всушност, кога станува збор за количината на вода експертите се поделени на две мислења. Едни мислат дека не мора постојано да консумираме вода, туку само кога сме жедни.

Останатите сметаат дека треба да се пие по 1,5-2 литри вода дневно, додека луѓето што се занимаваат со физичка активност треба да консумираат двојно повеќе.

Добро е да го слушаме своето тело, па затоа обрнете внимание на овие овие индикатори што укажуваат дека вашето тело е дехидрирано и му треба вода:

– Сува кожа

– Лош мирис на телото

– Урина во темна боја и необичен мирис

– Главоболки

– Континуиран замор

Исто така, нека ви биде пракса во текот на овие топли денови, секогаш да носите шише со вода.