Македонскиот планинар Ѓорги Петков почина на Еверест

Овој викенд некаде на висина од 7200 метри над морето во третиот висински камп под највисокиот врв на светот Еверест, почина нашиот планинар и доктор од Гевгелија Ѓорги Петков. 

63-годишниор доктор специјалист инфектолог од Гевгелија и член на планинарското друштво „Кожуф”, тргна во обид за искачување на највисокиот врв на светот на 24 март како дел од комерцијална експедиција водена од Тим Моусдел. Вчера на 20.05.2018, порталот Хималајан Тајмс објави дека докторот претрпел срцев удар додека бил во подготовки за финалниот обид за искачување и починал на таа висина. Координаторот на базниот камоп шерпас Ками Нуру изјави дека во тек се напори за спуштање на неговото тело во базниот камп. 

Ѓорги Петков, во изминатите десетина години се има искачено на повеќе високи врвови на различни континенти.  Започнува со Елбрус, највисокиот врв во Европа, висок 5.642 метри, па потоа следат е врвот Килиманџаро , Аконгаква – висок 6.962 м.н.в., Арарат – со височина од 5.174 метри и врвот МекКинли на Алјаска висок 6.183 метри.

Највисоката височина до која се искачил до сега доктор Петков е врвот Ленин Пик, во Киргистан, висок 7.200 метри, додека најблиску до Монт Еверест се нашол кога, како член на Балканска експедиција се искачува на врвот Ајлнд Пик, на Хималаите. 

Сочуство до фамилијата и блиските.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија