Reel Rock 12 по четврти пат во Скопје

Најновото издание на качувачкиот документарен серијал REEL ROCK по четврти пат во Скопје! На REEL ROCK 12 ќе бидaт претставени најголемите качувачки приказни кои ќе ви донесат возбудлива акција, голема смеа и вистинска инспирација. Сето ова на отворено, во градскиот парк, на Школка, во рамките на Скопскиот спортски фестивал, на 4 мај 2018.

REEL ROCK качувачкиот документарен серијал стигна до своето дванаесетто издание, во чии рамки ќе биде повторно претставена најновата колекција на возбудливи качувачки филмови кои ги прикажуваат најголемите приказни и атлети во рамките на качувањето.

Оваа година вклучувајќи ги приказните за Марго Хејс, првата жена која искачила 5.15; Бред Гобрајт, надоаѓачката соло ѕвезда со зависност од крофни; враќањето на Крис Шарма на deep water solo сцената и многу повеќе.

Дванаесетата REEL ROCK филмска турнеја, традиционално започна во септември во Болдер, Колорадо, а потоа премиерите продолжија насекаде низ светот, прикажувајќи ги најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот. Оваа година со REEL ROCK 12, Скопје заедно со уште околу 500 градови низ светот, повторно ќе ја има несекојдневната можност да го гледа најновото издание на REEL ROCK и ќе добие уште една доза од најголемите аутдор и качувачки достигнувања од најзначајните и најискусните качувачи.

Подгответе се за овогодинешната доза врвно качување и бескомпромисен алпинизам!
Основани во 2006 година од страна на Џош Ловел (Big UP Productions) и Питер Мортимер (Sender Films), REEL ROCК проекциите ги прикажуваат најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот и се духовни настани каде алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат сржта на авантуристичкиот филм.

Дел од забавата на REEL ROCК настаните секогаш се и различните презентации, доделување на награди, присуството на врвни алпинисти, кратки филмови и претставувањa, а локалната програма се состои од филмови и презентации за најголемите достигнувања на локалната качувачка сцена.

Настанот е поддржан од Американската амбасада во Скопје, а се организира по повод Денот на планетата земја.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија