Второ македонско претставување на трката до највисокиот европски врв Елбрус

Во втората недела од мај 2018 година, четворица македонски претставници ќе бидат дел од Ред Фокс Елбрус планинскиот спортски фестивал каде тројца од нив ќе земат учество на една од потешките планински скајранинг трки во светски рамки која се одвива од полјаната Азау 2350 мнв. до највисокиот врв на европа Елбрус 5642 мнв. Ова ќе биде второ претставување на наши учесници на трката. 

Денеска на 27.04.2018 година нашите планински тркачи Александар Кирковски, Дејан Тодевски и Димитар Тодоровски од ПК Македон се упатија во крајниот југозападен дел од Русија за гратчето Терскол во планинскиот масив Кавказ каде следната недела ќе имаат настап на трката до врвот на Елбрус. Заедно со нив е и Петар Ивановски кој ќе биде логистика на тимот и ќе учествува во аклиматизационото искачување на врвот. 

Настанот претставува неколкудневен спортски фестивал со повеќе трки во трчање (скајранинг), вертикален километар, ски-мо (ски алпинизам) како и трка со дрезги. Нашите тројца натпреварувачи ќе бидат дел од најтешката трка – Спортска Класа SkyMarathon која се одвива од 2350-5642 m а е закажана на 07.05.2018 со старт во 6 часот и 30 минути по локално време. На оваа трка претходат и квалификации трка – Вертикален Километар која оди од 2450 до 3450 m. кои се одвиваат два дена пред настанот (05.05.2018). 

Официјалното видео од 2017 година

https://www.youtube.com/watch?v=6fXiOILWQgE&feature=youtu.be autoplay:0

Ова ќе биде втор настап на Александар Кирковски и Дејан Тодевски кои беа дел од минатогодишната прва екипа на оваа трка каде Кирковски го постави најдоброто македонско време од 5:35 со што заврши на 26тото место, а Дејан Тодевски не успеа да го фати лимитот пред последното искачување на врвот па мораше да биде отстранет од трката. Покрај нив минатата година учествуваше и Марјан Бонев кој заврши со време од 5:45 на 28 место во генерален пласман. За Димитар Тодоровски ова ќе биде прво учество на ваков тип на спортски настан. 

Повеќе за трката ќе прочитате тука

Во следниот период ќе се обидеме да доставиме што повеќе информации за подготовките на тимот.

Им посакуваме добри услови и супер трка!

Овде можете да го погледнете видеото од минатата година насловено како ДОРОГА НА ЭЛЬБРУС – ПАТОТ ДО ЕЛБРУС

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија