Една година = 366 маратони?

За многумина трчањето е напорно. За оние кои се бават со трчање маратонот претставува ултимативен тест на издржливост. Што мислите за 366 маратони во годината (по еден маратон дневно) и сето тоа истрчано на исклучиво сирова храна?

Дали некогаш сте помислиле на тоа како изгледа да се трча маратон секој ден во текот на една цела година? Луда идеја зар не? Во случајов “лудаците” на кои им дошла на памет ваквата идеја се од Австралија. Станува збор за брачниот пар Алан и Џенет Мареј кој во суштина носи една длабока и инспиративна порака и приказна.

Во текот на педесетите години од животот на Џенет Мареј и бил дијагностиран рак, а прогнозата на лекарите била дека таа нема да живее повеќе од шест месеци. Наместо да ја примени општоприфатената пракса во случај на вакви заболувања, Џенет решава да се “лечи” алтернативно и на свој начин. Прво комплетно ја менува исхрана, односно станува веган кој јаде исклучиво сирова храна и второ почнува да трча.

По краток период Џенет успева да победи во борбата со ракот а нејзиниот сопруг Ален решава да го следи нејзиниот пример. Оттогаш па наваму овој брачен пар е познат по нивните несекојдневни тркачки подвизи меѓу кои најпознат е нивниот едногодишен маратон без престан. Тие во една година (366 денови) истрчале речиси 10,000 милји низ Австралија и Тасманија без ниту еден ден одмор.

Нивната исхрана во текот на еден ден се состоела од „смути”, џусови и салати во сооднос: 80% овошје, 15% зеленчук и 5% семки и јаткасти плодови. Илустративно, вообичаено на дневното мени се наоѓале и по 30 банани.

Ако и ова не беше доволно инспиративно тогаш би требало да знаете и дека во време на подвигот во 2013 година, Ален имал 68 а Џенет 64 години.

Повеќе за парот можете да прочитате и на нивниот веб.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија