МОК и ВФМ – заедно во унапредување на веслањето во МАКЕДОНИЈА

Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Веслачката федерација на Македонија (ВФМ), во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Меѓународната веслачка федерација (ФИСА), за потребите на веслачкиот спорт во следните две години, на предлог на ФИСА го ангажираше Хронис Властаридис, еден од најдобрите ФИСА експерти во светот за обука на тренери за веслање и за развој на веслачкиот спортски систем во Македонија.

Веруваме дека во следните години ќе бидеме сведоци на голем напредок на веслањето и дека овој прекрасен спорт ќе доживее развој каков што заслужува, најмногу заради младите спортисти заљубеници во еден од најубавите олимписки спортови, кој бележи невидена експанзија низ целиот свет.

Автор

Makedonski Olimpiski Komitet - MOK

Скопје

Македонија