Наумов и Арнаудов се првите Македонци кои ја комплетираа „Големата маратонска шестка”

Со финиширање во исклучително тешки временски услови, вчера на 16.04.2018 година македонските маратонци Атанас Наумов и Ангел Арнаудов се запишаа во историјата како први наши финишери на сите шест големи светски маратони кои ја чинат т.н. „голема шестка”- Њујорк, Токио, Берлин, Лондон, Чикаго и Бостон. 

Ворлд Маратон Мејџорс (World Marathon Majors) или таканаречената „Голема Маратонска Шестка” претставува шампионат во маратонско трчање кој се одржува од 2006 година на шесте најпознати и најголеми светски маратони во Њујорк, Токио, Берлин, Лондон, Чикаго и Бостон.

До 2015 година истите се одржувале во распон од 2 тековни години, а од оваа година серијата започнува во еден од горенаведените градови и завршуваат следната година во истиот. Сепак, за аматерските натпреварувачи кои чинат најголем дел од учесниците, комплетирањето на „маратонската шестка” се смета без разлика на временските рамки на шампионатот. 

Македонија оваа 2018 година за прв пат доби двајца маратонци кои успеаја да ги комплетираат сите шест медали од овие маратони.

Ангел Арнаудов успеа да го финишира маратонот во Њујорк во 2015 година, потоа Берлин во 2016, Лондон и Чикаго во 2017 и Токио и Бостон во 2018 година.  

Неготинчанецот Атанас Наумов, пак, започна со Њујорк во 2016 година, 2017-тата успеа да комплетира 3 – Чикаго, Лондон и Берлин, а оваа 2018 година ги заврши оние во Токио и Бостон. Атанас успеа да го заврши бостонскиот маратон со време од 3 часа и 57 секунди, а неговото најдобро време на сертифицирана стаза е 3 часа и 6 минути. 

Од 2016 година во серијата е внесена и посебен медал за финиширање на „Големата Шестка”. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија