Сезоната нема почеток и крај!

Заштита при вонсезонско веслање на даска

Доколку сте меѓу фанатиците кои одбиваат да ја остават даската во гаража за време за зимата, тогаш сигурно повеќето би помислиле дека сте луди што настојувате дека и ладните месеци се супер за SUP.

Иако ладните денови полека не одминуваат, за веслањето да биде забавно и пријатно доживување, подготвивме неколку совети кои би можеле да ги земете предвид.

1. Неопренски обувки – дури и малку да се наводенат, водата во нив ќе се загрее и прстите од нозете ќе ви останат топли.

2. Неопренски костум – кој е дизајниран да ве оддржува топли дури и кога сте водени. Костумот пропушта малку вода која се загрева од телото. Заштитните костуми се одлични за водени спортови во кои голем дел од времето го поминувате во вода (како сурфање или нуркање). Во овој случај, секако, целта треба да ви биде да не паднете во вода.

3. Јакна – која ќе ве штити и нема да дозволи зимскиот ветар да го намали уживањето.

4. Ракавици – ретко кој сака да носи ракавици додека весла бидејќи со нив се губи чувството на веслање. Носете доколку сте зимурливи, иако ви препорачуваме и други варијанти, како на пример, оние без прсти.

Добро опремете се и уживајте.

Сезоната нема почеток и крај!

 

Текстот е подготвен од член на клубот: Теа Дуза