Што не знаевте за газираната вода?!

Газираната вода е пијалок кој не содржи шеќер, масти или калории додека го хидрира телото.

Кога мала количина на гас на јаглерод диоксид се распаѓа во вода под притисок, се произведува блага карбонска киселина.Оваа постапка се нарекува карбонизација и може да се примени на минерални води кои содржат различни минерали или слатки течности, како што се тоници и кола.

Газираната вода е здрава и не штети на организмот. Кери Ганс, нутриционист од Њујорк, истакнува дека “газирана вода еднакво хидрира и е здрава како и обичната вода, а меурите додаваат само мек вкус”. Тој препорачува на газираната вода да додадете парчиња на лимон. На тој начин ќе му донесете дополнителна свежина на вкусот. 

Кристи Кинг, постар клинички нутриционист во Детската болница во Тексас, Хјустон, вели дека клиничките истражувањата укажуваат дека газирана вода не им наштетува на коските и забите. Забната ерозија е резултат на пијалоци кои се заситени со шеќер во комбинација со карбонизација. Тие пијалаци се сода и сокови.

Меурчињата во газирана минерална вода помагаат во варењето на храната, особено масната храна и да се олесни празнењето на дебелото црево.

Кога стомакот е избалансиран, тогаш расположението е подобро. Лекарите на клиниката „Мејо” велат дека газирана вода е исто толку здрава како обичната вода. Најважната работа за која треба да се внимава е во текот на денот да ги задоволиме потребите за хидратација на организмот со редовно внесување на вода.