Трчање на екстремен студ? -Зошто да не!

Трчањето е спорт на отворено за кој ретко кога има совршени услови за тренинг. Честопати тренингот е пропратен со силен ветер, високи температури, дожд, магла, влага а понекогаш и со екстремно ниски температури. Да се биде тркач значи да се биде посветен на спортот дури и кога температурата е длабоко во негатива.

За оние кои се бават со трчање подолг временски период, ниските температури во комбинација со снежна покривка и не се некоја новост која би ги одвратила од планираниот тренинг. Без оглед на тоа што на прв поглед ситуацијата ви изгледа страшно, ве уверуваме дека трчањето на многу ниски температури е нешто што и не е така неизводливо. Напротив. Се што ви треба е малку повеќе облека, планирање, храброст и трпение да се издржат коментарите на околината.

Како да се облечете?

Тело

Прво што треба да направите е да му оддолеете на нагонот да облечете на вас премногу парчиња облека. По само неколку минути од почетокот на тренигот, температурата на вашето тело значително ќе се зголеми. Секако, облеката мора да биде во слоеви но не повеќе од 3-4. Во опција е облека изработена од различни материјали со исклучок на памук. Најдобра варијанта секогаш е полиестер. Комбинирајте спортска маица со кратки ракави, со долги ракави и тенки ветровки или јакни кои ќе ве заштитат од ветрот.

Екстремитети и глава

Веројатно веќе сте чуле дека најголемиот дел од топлината човекот ја губи преку главата. Задолжително носете капа или барем бандана/марама (не е исклучено и двете) која ќе спречи губење на топлината. Доколку временските услови се поекстремни употребете и маска за да го зашитите лицето.

Запомнете, ако не ги заштитите екстремитетите, студот кој го чувствувате од нив ќе се прошири на целото тело. Носете минимум еден слој на ракавици од волна или полиестер. Стапалата мора да бидат суви и топли. Горетекс обувки се најдобриот избор. За нозете одберете еден пар подебели хеланки за трчање, тоа е сосема доволно.

Дополнителни совети

Екстремно ниските температури се нешто што вообичаено трае кратко. Тренингот во вакви услови не мора и не смее да биде претерано долг ниту пак да содржи интервали. Загревањето пред тренинг треба да биде подолго од вообичаеното. Тренирајте близу до вашиот дом и доколку сте во можност тренинрајте околу пладне кога температурите се повисоки. Ако патеката на која трчате е замрзната, користете крампони за да спречите лизгања и повреди.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија