Стручен осврт кон резултатите во македонската Атлетика

Атлетиката, или кралицата на спортовите е дефинитивно еден од најстарите, најпроучуваните и најраспространетите спортови воопшто. Кај нас посериозен и поорганизиран пристап кон атлетиката се забележува веднаш после Втората светска војна поточно 1945год. додека првиот сојуз е оформен во 1947 год.

Атлетиката, или кралицата на спортовите е дефинитивно еден од најстарите, најпроучуваните и најраспространетите спортови воопшто. Во светски рамки атлетиката како спорт се појавил уште во античко време во стара Грција каде што била застапена со различни дисциплини. Таа е исто така дел и од обновените или модерните ОИ кои за прв пат почнуваат во Атина 1896 год. Кај нас посериозен и поорганизиран пристап кон атлетиката се забележува веднаш после Втората светска војна поточно 1945год. додека првиот сојуз е оформен во 1947 год.

Што се однесува до натпреварувачкиот дел генерално атлетиката можеме да ја поделиме на четири групи на дисциплини и тоа :

1. Тркачки дисциплини каде што спаѓаат трките на:
– Кратки патеки (100м, 200м, 400м, 100м со пречки за жени, 110м со пречки за мажи, 400 метри со пречки, 4Х100м и 4Х400 штафета )
-Средни патеки (800м, 1500м, 3000 метри со пречки стиплчез)
-Долги патеки (5000м, 10000м, полумаратон и маратон )
-Брзо одење ( 20км и 50км)

2. Скокачки дисциплини каде што спаѓаат:
-Скок во далечина
-Скок во височина
-Скок со стап
-Трискок

3. Фрлачки дисциплини
-Фрлање на копје
-Фрлање на ѓуле
-Фрлање на диск
-Фрлање на кладиво

4. Повеќебои
-Седмобој за жени (100м со пречки, скок во височина, ѓуле, 200м., скок во далечина, копје и 800м.)
-Десетобој за мажи (100м, скок во далечина, ѓуле, скок во височина, 400м , 110м. со пречки, диск, скок со стап, копје и 1500м.)

Кога се работи за поделбата на дисциплините морам да напоменам дека оваа е основна поделба односно овие се дисциплини кои се застапени на ЛОИ, додека во зависност од рангот на натпреварувањето, возрасните категории, местото на одржување (атлетска патека, сала, улица, планина итн ) може да сретнеме и други дисциплини во тркачкиот дел и тоа 60м. во сала, крос кантри трки, улични трки на различни дистанци, планински ултрамаратони итн…

Атлетиката во РМ

Еден од поголемите проблеми на атлетиката во РМ денес е тоа што за неа скоро и да не се дискутира особено кога е во прашање резултатскиот дел. Имено подолг период работејќи како спортски педагог во основно улилиште имав прилика да забележам дека атлетиката воопшто и не „допира” до најмладите.

Зошто е тоа така? Кога за прв пат си го поставив ова прашање се обидов да дадам логичен заклучок и издвоив повеќе компоненти кои се ми изгледаа „одговорни” за целата ситуација :

-Атлетиката како организиран систем: Атлетската федерација на Македонија е највисокото управно и раководно тело кое трба да се грижи, да ја негува и секако унапредува атлетиката. На интернет страната на АФМ постојат листа со повеќе активни атлетски клубови меѓутоа националните првенства кубурат со натпреварувачи/чки и често на стартната линија се појавуваат натпреварувачи/чки исклучиво само за успешност на самата трка а истата ја трча само еден или двајца натпреварувачи/чки. Сето тоа е показател на недоволна ангажираност од најодговорните.

-Атлетски настани:Исто така една компонента за која можеме да дискутираме. Имено како што споменав погоре на прсти се бројат натпреварувањата кои се во директна организација на АФМ и каде што се запазени стандардите за одржување на истите. За интересот за посетеност, публиката како и маркетингот не би коментирал ништо. Но сепак во овој дел мораме да ги напоменеме и позитивните иницијативи меѓу кои „Скопскиот маратон” е лидер но и некои други како „Прв до врв”, „Гази Баба ХЦ Челинџ”, „Охрид Трчат” и др. кои и тоа како позитивно влијаеа за актуелизирање на атлетиката (трчањето на долги патеки). Сепак не смееме да не спомнеме дека овие трки иако во поголема мера се добро организирани се надвор од онаа основна поделба на Олимписката атлетика (освен маратон) и истите во одредена мера добиваат забавен, хуманитарен, маркетинг и друг вид на карактер.

-Атлетска инфраструктура: на територијата на РМ има само две стандардни атлетски патеки за одржување на атлетски натпреварувања. Овој податок е еден од повеќето за кои и тоа како треба да се замислат сите инволвирани, АФМ, АМСМ, локални власти итн. Доколку сакаме да развиваме атлетика ова мора да се смени. Градови со големина на Битола, Прилеп , Тетово да немаат стандардна атлетска патека претставува голем хендикеп.

– Стручно усовршување на кадри: Не поседувам многу податоци но во последниве пет години немам чуено за семинар на територијата на РМ кој е наменет за атлетските тренери. Се надевам дека овој податок не е точен.

-Атлетиката и медиумите: Медиумски, атлетиката е крајно маргинализирана. На ниту еден национален медиум не можеме да сретнеме емисија, дебата, коментар, реклама или било што во врска со атлетиката. Тука мораме како позитивен пример да го посочиме „Скопскиот маратон ” кој направи своевиден бум во уличните трки во РМ повлекувајќи и други иницијативи од таков вид „Прв до Врв”, Бич ран”, „Охрид трчат” итн. но сепак медиумскиот простор во врска со овие манифестации најчесто е исполнет со: „најдосетлив навивачки транспарент”, следење на јавни личности учесници на трките, разни рекламни кампањи на спонзорите итн. одалечувајќи не сите нас од суштинското а тоа е „спортскиот резултат”.

Врвните резултати: Иако врвните резултати дирекно зависат од степенот на развиеност на гореспоменатите компоненти сепак сметам дека добриот спортски резултат и тоа како е двигател за развој на спортот во целина. Имено врвните резултати се секогаш тука дополнително да им дадат ветер во грб на тие кои веќе се бават со спортот, да доведат нови членови во клубовите независно од нивната возраст , да ги мотовираат тренерите како и сите ентузијасти кои се директно или индиректно вклучени во атлетиката да потикнат нови иницијативи. Токму нашите резултатаи се полето на интерес на ова истражување преку кое би сакал да направам една јасна слика за нивото на македонската атлетика.

Методи на истражување

За потребите на истражувањето ги обработив сите официјални атлетски рекорди (достапни на официјалната интернет страна на АФМ) по возрасни категории во машка и женска конкуренција истакнувајќи ја староста (колку години е стар секој поединечен рекорд)

Резултати и дискусија

Откако ја компетирав пресметка за просечната старост на атлетските рекорди издвоив еден извештај кој се сведува на една кратка и прегледна табела. Останатите табели од поединечните категории ќе бидат изложени во прилог на овој текст.

Од горенаведената табела можеме да извлечеме повеќе заклучоци и тоа:

-Просечната старост на официјалните рекорди по категории е навистина голема. Вкупната просечна старост од 22.6 години е навистина нешто што треба сите да не загрижи и да најдеме начин со една заедничка мобилизација и организиран и професионален пристап да ја подобриме таа состојба.

-Рекордите во ниту една категорија драстично не отстапуваат, што значи дека овој негативен тренд ги има опфатено сите натпреварувачки категории.

-Во табелите кои Ви ги доставувам во прилог можеме да забележиме дека македонската атлетика сè уште имаме актуелни рекорди кои се стари половина век. Додека многу мал број на рекорди се постигнати изминативе 5 години.

Коментар

Кога го работев ова истражување воопшто немав намера да посочам виновник, или да фаворизирам одредена група, клуб или на било кој начин да влијаам позитивно или негативно на било кој што е инволвиран во македонската атлетика. Целта на ова истражување беше да направам една јасна слика за резултатскиот дел на атлетиката во РМ како и динамиката на нејзиниот развој.

За жал како заклучок морав да извлечам дека состојбите се далеку од добри. Со актуелни рекорди стари повеќе од 40 год. дури и половина век, не можам да не се запрашам: Што всушност се случува? Или подобро кажано: Што се случувало и што понатаму? Овие не се податоци кои што треба да ги омаловажат атлетичарите и тренерите кои моментално се активни. Напротив, сметам дека сите кои се „зафатиле” со атлетиката кој како натпреварувач кој како тренер треба да знае дека има широко поле за работа, дека многу работа и труд е пред нас. Доколку сакаме да постигнеме врвни резултати мораме да почнеме од дома, мораме да се соочиме со домашните предизвици. Прогресот сигурно нема да дојде преку ноќ но сметам дека системскиот пристап ќе доведе до континуиран развој. Тука мораме да ги спомнеме неопходноста на соработката на АФМ со атлетските клубови, Агенцијата за спорт и млади, медиумите.

Неопходна е итна интервенција врз инфраструктурата, изградба на нови атлетски борилишта, како и стручна надградба на тренерите. Уште еднаш би ги спомнал позитивните иницијативи за организирање на улични трки кои секако придонесуваат за актуелизација на атлетиката, со апел до сите кои можат на било кој начин да ги подржат. И секако апел до тренерите и натпреварувачите: работа, работа и само работа, огромна е дупката која некој ја оставил зад нас, но не можеме напред ако истата не ја пополниме.

Извори
http://www.afm.org.mk
https://www.iaaf.org/

Почетна

Прилог

Машки до 15 год.

Дисциплина Име и Презиме Резултат Клуб Роден Локација Изминати год. од постигнување на рекордот
Васил БАЧОВСКИ 7.1 Охрид 1964 1979 Велес 39
100M Павле СИМОВСКИ 11.12 Љуботен 1989 2004 Скопје 14
200M Павле СИМОВСКИ 22.8 Љуботен 1989 03.10.2004 Скопје 14
300M Павле СИМОВСКИ 36.58 Љуботен 1989 09.05.2004 Велес 14
400M Павле СИМОВСКИ 53.46 Љуботен 1989 05.06.2004 Скопје 14
400MH Зоран ДОНЕВСКИ 1:27.80 Работнички 1980 Скопје 38
800M Зоран ДОНЕВСКИ 2:01.70 Работнички 1980 Скопје 38
800M Дане ЈАКИМОВСКИ 2:02.60 Работнички 1982 22.09,1997 Скопје 21
1000M Дане ЈАКИМОВСКИ 2:40.90 Работнички 1982 28.09.1997 Охрид 21
1000M Дане ЈАКИМОВСКИ 2:42.34 Работнички 1982 03.10.1997 Скопје 21
1500M Јонуз ЈОНУЗИ 4:12.90 Куманово 1980 Скопје 38
1500M Добри НИКОЛОВСКИ 4:26.15 Олимп 1983 30.05.1998 Скопје 20
HJ Реџеп СЕЛМАН 195 Охрид 1986 15.09.2001 Анкара 17
LJ Васил БАЧОВСКИ 6.23 Охрид 1964 1979 Велес 39
TJ Славчо МИРЧЕВСКИ 12.62 Охрид 1991 26.06.2006 Скопје 12
SP Васил НАЈДОВ 13.14 Тиквеш 1983 09.11.1998 Скопје 20
DT Петар НИКОЛОВСКИ 52.72 Охрид 1994 22.08.2009 Скопје 9
JT Александар ГЕОРГИЕВСКИ 62.24 Работнички 1981 06.10.1996 Скопје 22
400MH Мирче СПАСОВСКИ 1:06.10 Вардар 1977 Скопје 41
(Крстески, Куртелов, Завојчев, Димоски) 29.3 АК”Охрид” 26.04.1997 Охрид 21
4X100M (Чоревски, Станкоски, Наумоски, Ристески) 48.9 АК”Охрид” 05.06.1993 Охрид 25
4X100M (Крстески, Куртелов, Завојчев, Димоски) 48.9 АК”Охрид” 21.06.1993 Охрид 25
4X100M (Митрески Г., Андреевски, Раткушиноски, Митрески Н.)

Автор

Mile Jovanovski

Ресен

Македонија