Рекордерски кош од 200+ метри височина

Еден водопад во сред Африка, еден обрач и многу (дупнати) баскети и 200+ метри раздалеченост од типото што шутира. Ок, сигурно не е од прв обид, но не е ни важно, оди па погоди го. 

Пред некоја година, истиве типци од каналот How Ridiculous го поставија рекордот за кош постигнат од најголема височина на браната Маувоисин во Швајцарија – 180 метри висока платформа каде еден од овие тројца постигнува малку повеќе од „тројка” за Гинис. 

Познати по нивните луди тестови и видеа поврзани со слични активности – (повеќе на нивниот канал), дечките решаваат да се обидат да постигнат кош од уште поголема височина. Локацијата ја ноаѓаат во водопадот Малетсунјане во Лесотхо, Африка каде височината помеѓу горната карпа (платформата) и кошот изнесува 201.422m.

На 13 јануари 2018 година Дерек Херон успева во обидот и за прв пат ја минува границата од 200 метри висина за постигнат кош.

Да се изведе сличен подвиг е секогаш одлично искуство, но да се направи на ваква луда локација како овој водопад, тогаш уживањето е уште поголемо – вели Брет Станфорд за Гинис.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија