Симни се од тоа лентата за трчање: Имаме подобар тренинг за кондиција

Што значи тоа „во форма”?

Според мејнстрим светски и МК фитнес, тоа е некоја комбинација од способности како: да направиш чатаљон брпи-а, да пузиш низ кал (иако нема кал) или па потната рефлексија од вашите мускули да светка, ѕвездено додека трчате некаде во далечината. Ако прашате повеќе од 10 луѓе тие веројатно ќе ви кажат дека “кардиото” или, пази фенси “conditioning” се најважни за да се влезе во форма (и најверојатно ќе додадат дека они тоа не го прават дека им е досадно и дека маразат кардио). Дали треба да трчаш со саати или да тренинраш ко Navy SEAL за да бидеш во добра физичка кондиција?
За повеќето, сите, одговорот е не.

Зошто толку многу фитнес програми досаѓаат со Conditioning?

Прво, ако планираш да се натпреваруваш во некаков натпревар за издржливост, како СК маратон 42км, Spartan Race или слично, нормално дека треба да ја достигнеш кондицијата за тој настан. Не биди буквалист и тренирај како за тоа.

Ама ако си како повеќето луѓе наоколу, твоите потреби за физичка кондиција се најверојатно помали од што си замислуваш и ова треба да ти биде основата на тренингот.

Нема ништо лошо во кондицијата. Корисна е. Но, не треба целото време и целиот тренинг да го фокусираш на капацитетот за работа. Така е, затоа што, ако се фокусираш на тоа да правиш повеќе повторувања за пократко време, развојот на другите полиња како -сила, флексибилност, умешност, ќе пати. Може на крајот ќе завршиш со неверојатна издржливост и ништо друго.

Е сега зошто толку многу фитнес програми ја приоритизираат кондицијата пред сите други атрибути? Има две причини:

1. Издржливоста е извондредна способност
Иронично, сметаме дека издржливоста е мерка за да се биде “во форма” бидејќи е надвор од нашата дневна рутина. Не баш секој може да истрча 42км или да извози 180км на точак, туку така. Во град, место и околина каде повеќето луѓе одат од влезната врата на својот дом до влезната врата на колата нормално е претходниве потфати да ги сметаме за неверојатни. Па оттаму и восхитот кон спортисти како триатлонци и слично.
Но, издржливоста, над одреден степен, не е мерка за твоето лично здравје туку е само дел од целината.

2. Да вежбаш до смрт е лесно и просто
Заедничниот именител, меѓу, вежбач почетник и искусен спортист е дека и двајцата ќе доживеат истоштеност по некое време. Најверојатно и во иста временска рамка, работејќи во своите лични целосни капацитети. Секој може да вежба до смрт со некаков напор и репетитивна задача.
Ова е особено присутно во Ск, МК каде имаме изобилство на тренери кои мислат дека завршиле добра работа со своите клиенти откако ќе ги видат кутрите како лежат на земја во вирче од пот.

Потребно е малку или евентуално ич техничко знаење за да умориш некого.
Да, сега бевте “извежбани” ама што навистина извежбавте, што добивте?
Ако вашата цел е: да се потиш онака ептен и да се чуствуваш уморно, тогаш, да, ова е начинот да ја оцениш ефикасноста на тренингот. АМА ако целта е: да напреднеш, тогаш – да си уморен на крајот на тренингот, ви кажува ама баш ништо.
Како и колку се менуваат вашите перформаси низ временска рамка е она што е важно.

Еве ние имаме подобар начин за кондиција

Предностите од редовната аеробна активност се неоспориви. Кревањето на пулсот за одредено време е супер за сите маркери и оние за кардиоваклуларното здравје и оние за менталното здравје.

Она за што треба да дебатираме е – начинот, како да го кренеш пулсот?

Ако активно трошиш добар дел од енергијата за да го подигнеш својот срцев пулст и го задржуваш тоа ниво одредено време и ова го правиш посветено, ќе ги добиеш сите бенефити од регуларното вежбање за кондиција. Ова не мора да го правиш на лента за трчање или пак да правиш некакво кардио на крајот од тренингот.

Ви треба подобар генерален план, кој ги приоритизира вештините и движењата во кои сакаш да станеш цар и во кој издрживоста е насочена кон тие движења.

Што навистина сакате да извадите од вашето тело?

Можеби сте пожарникар што влечка по 50кг опрема или разнесувате пошта на точак па секој ден низ град возите по 50км во сообраќај, во секој случај сакате да можете повеќе. Можеби сакате само да може да спринтате до крајот на улицата за да ја фатите топката што вашето дете ја фрлило.

Како што се убивме од пишување погоре, разгледајте ги вашите цели, вашите лични мотиватори и вистинските причини за тренинг, ќе бидете на многу подобра стартна позиција да одредите кое ниво на кондиција и колку “во форма” сакате да бидете.
Ќе се качувате на Кораб оваа година? Ќе одите по пензионерската со децата? Дефинитивно ќе го трчате целиот маратон во Мај или само ќе трчате по автобусот.
Одговорите на овие прашања треба да ве водат до дефиницијата за добра кондиција. Добра ваша лична кондиција.

Сè додека сте реални со идејата, каде сакате да бидете со кондицијата, можеме да ви ја искроиме програмата со која ќе ги стигнете тие цели. Немате потреба да правите нешто арбитрарно или да правите нешто од притисокот на тие околу вас или пак како “обврска”.

Нашите програми, персонални/лични или групни ќе ви помогнат да изградите силна основа со фокус на кондицијата во одреден контекст. Само така нема да си го трошите времето и трудот, туку ќе ги насочите кон фундаментални физички атрибути и движења.

Автор

Sport Inn

Скопје

Македонија