Параглајдерството е слобода!

“Засекогаш останете деца. Секогаш чувствувајте возбуда и бидете восхитени од големи работи, како што е воздухот и звуците на изгрејсонцето. Ако морате, носете ја вашата маска која ќе ве заштити од светот но ако дозволите детето да исчезне од вас тогаш сте мртов” – Ричард Бах

Бидејќи според нас параглајдерството е најдобрата работа што можете да ја правите решивме да ви докажеме со тоа што ќе правиме видеа и филмови од нашите летови, авантури и натпревари. Skymads е тим од параглајдеристи, камерман и продуцент, а ова е нашето прво видео Параглајдерството е слобода!