5-те подобрувачи на енергија

Заморот може да се појави кај секого. Без разлика дали сме работеле или не, понекогаш едноставно се чувствуваме уморни.

Поради оваа честа појава експертите ги наведоа витамините, минералите и антиоксиданси што можат да ви помогнат да се изборите со заморот и да одржувате повисоко енергетско ниво.

‘CoenzymeQ10’

Според клиниката Мајо, коензимот Q10 е антиоксиданс кој е вклучен во производството на енергија. Овој антиоксиданс е исто така познат поради тоа што помага при одржување на здраво срце, ублажување на главоболки и зголемување на физичките перформанси.

Коензимот Q10 може да се најде во месо, риба и овес.

Магнезиум

Постојат многу студии кои покажуваат дека магнезиумот помага да се чувствувате поенергично. Ова е додаток што може да се користи покрај вашата редовна исхрана или да го внесете преку храна, како авокадото, бадемите и спанаќот.

Витамин Б6

Овој витамин е важен за развојот на мозокот, бидејќи го осигурува здравјето на нервниот и имунолошкиот систем.

Витаминот може да се најде во риба, компири, банани и.т.н., но може да се земе и како суплемент.

Витамин Б2

Сите Б витамини се од витално значење за зголемување на енергијата; сите ги претвараат јаглехидратите во енергија. Истражувањата покажуваат дека витаминот Б2 помага во борбата против заморот, а се наоѓа во бадемите, оризот и печурките.

Омега 3

Омега-3 мастите се важни за функција на клетките и за здравјето на мозокот, но совршени се и како превентивна мерка против заморот. Воглавно, оваа маст се наоѓа во рибиното масло, но исто така и во зеленчукот и оревите.