Информација – Потпишување на договори за стипендирање ТОКИО 2020

Почитувани, согласно Стратешкиот развоен план и Олимписките програми на Македонскиот олимписки комитет, на 26 Декември 2017 година (вторник) во 10:00 часот, во ПАРК ХОТЕЛ&СПА, сала Њујорк (http://parkhotel.mk/), со 12 (дванаесет) спортисти, ќе се потпишат Договорите за добивање на Олимписка стипендија ТОКИО 2020.

Во оваа прилика ве покануваме да присуствувате на наведената активност и да ги поздравите Олимписките стипендисти за кои, заедно со нивните спортски клубови, Националните спортски федерации, Меѓународните спортски федерации, Меѓународниот олимписки комитет, но и во партнерски однос со централната и локалната власт, приватниот сектор, родителите, но и со вас како медиуми (активен дел од спортскиот систем) задолжени за информирање на јавноста за работите од областа на спортот, ќе работиме напорно да им овозможиме најдобри услови за тренинг и натпревар, за реализација на норми за учество на Олимписките игри ТОКИО 2020.

Останувам на располагање за какви и да се дополнителни информации.

Со почит,
Сашо Поповски