Сер Мо Фарах

Четворократниот британски олимписки шампион со потекло од Сомалија оваа недела беше почестен со титулата витез за неговите одличија и заслуги во британската и светската атлетиката. 

Овој вторник на 14.11.2017 на официјална церемонија водена од кралицата Елизабета II во Бакингамската палата, атлетичарот Мо Фарах беше назначен за витез со што ја доби титулата „Сер” поради неговите достигнувања и заслуги во спортот и атлетиката. 

Мохамед Мухтар Џама Фарах (сомалиски Maxamed Mukhtaar Jaamac Faarax) е роден на 23 март 1983 година во Сомалија. До негова 8-годишна возраст живее во Африка со неговиот брат близнак, откаде се преселува кај неговиот татко родум Лондон. Неговиот талент за атлетика го препознава учителот по физичко Алан Ваткинсон, а првите амбиции на Мо се тој да стане авто-механичар или да игра крило за Арсенал. 

Сепак, во текот на училиштето и колеџот тој се профилира во еден од најдобрите атлетичари на тартанот каде со одредена помош и донација од филантропот Еди Кулукундис тој ги завршува процесите на здобивање на британско државјанство за да може да ја претставува државта. 

Во текот на кариерата тој станува најуспешниот и најодликуван британски атлетичар во поновата историја каде меѓудругото ги освојува првите места на 5000 и 10000 метри на ОИ 2012 и 2016 година (втор спортист кој го постигнува ова достигнување после Финецот Ласе Вирен), а истотака го освојува првото место на овие дистанци и на Светскиот шампионат во 2013 и 2015 година (втор спортист со ова достигнување после Кенениса Бекеле).

Тој ги држи европските рекорди на 1500 м, 10000 м, полумаратон и на две милји. 

На неговата последна трка на 5000 метри на Шампионатот оваа година во Цирих тој го освои неговото последно злато на тартанот откако најави дека ќе се префрли на друмските трки. 

Тој изјави дека е почестен со одлуката да му се додели една ваква титула, а на прашањето од кралицата „дали тој се повлекува од трчањето”, тој одговори дека сега е време да го трча Лондонскиот маратон. Неговото најдобро време на маратон е 2:08 и тој вели дека има уште доста време за да се усоврши на овој план. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија