8 Причини зошто треба да уживате при зимското трчање

Трчањето во зима е препорачливо и здраво. Ова се 8-те причини зошто не треба да влегувате во длабок зимски сон туку да почнете да уживате во зимското трчање.

1. Согорување на калории

Кога температурите се пониски можете да трчате побрзо, бидејќи имате помал топлински стрес. Притоа останувате свежи, можете да се движите поефикасно, додека телото постојано се обидува да постигне повисока температура. Како резултат на тоа, согорувате и повеќе калории.

2. Придобивки од губењето телесна тежина

Човековата природа е во текот на зимата да се троши помалку, а се консумира повеќе. Но не мора да биде така во ова модерно време. Трчањето е бесплатно, се согоруваат калории и ве прави да се чувствувате свежи. Затоа, движете се!

3. Нема влага

Нема прилепена облека на телото, пот, тежок воздух и лошо чувство кое е типично во текот на топлите летни денови. Многу тркачи повеќе ја сакаат зимата за трчање.

4. Подобрување на расположението

Зимската сезона знае да ве направи дебели, меланхолични и импотентни. Излегувањето во природа го зголемува внесот на витамин Д – кој е познат заштитник од сезонско афективно нарушување. Трчањето и вежбите помагаат да се намалат депресивните, демотивирачки и нервозни моменти, така што повеќе ќе се смеете и ќе бидете расположени.

5. Движење во природа и во помалку населени места

Оние кои се страсни по трчањето во зима знаат дека патиштата кои се помалку населени се попријатни и тоа го прави трчањето уште попривлечно. Таму сте само вие и природата.

6. Поздраво срце

Трчањето на ладни температури може да ја зголеми кардиоваскуларната издржливост, со што работата на срцето ќе се подобри. Силното срце го подготвува телото за идните вежбачки сесии и помага да се намали целокупното ниво на стрес.

7. Трчањето ви станува навика

Зимските тркачи ја знаат придобивката што ја дава рутината на греење и ладење. Но, пред да се растрчате во зима неопходно е да се направаат некои вежби за истегнување. Така се зајакнува општата практика на вежбање, се намалува ризикот од повреди, мускулни истегнувања и други големи повреди во текот на целата година.

8. Зголемена толеранција

Зимското трчање може да ја однесе вашата фитнес рутина на друго ниво. Движењето на телото во надворешни услови ќе го зголеми целокупниот замор на телото и репродуктивната способност. Трчањето на температури малку над 0 степени целзиусови ќе го зголеми вашиот чекор во трчањето за 1-2% на километар.

Зимата дојде! Дали сте подготвени да трчате? Само бидете внимателни, не ризикувајте да трчате во опасни услови, како на патеки со мраз и при премногу непогодни временски услови. Облекувајте се правилно и уживајте во зимското време.