Зеленчукот подобар од антибиотиците

Воспаление на грлото, ви тече носот и кивате… имате симптоми на грип кои почнуваат да се појавуваат секоја година, речиси во исто време, и ќе бидат присутни отприлика до почетокот на пролетта.

Сепак, постојат начини каде што грипот може да се острани за само 24 часа. Одговорот на прашањето “Како?” е – брокула!

Нутриционистката Сара Флауер објаснува како овој зеленчук влијае на симптомите на грипот. Таа вели дека брокулата е полна со витамин К, витамин Ц, фолна киселина и хром, а сите тие влијаат позитивно во надминување на симптомите на грипот.

– Овие популарни витамини се од огромна помош при борбата против инфекции, така што при првите знаци на грип пожелно е да се зголеми нивната доза на консумирање. Да се јаде повеќе овошје, лимони, портокали, мандарини, папаја, брокула и црвени пиперки, кои што штитат од воспаленија, истакнува таа.

Важно е да се пијат доволно течности, со цел да се забрза смирувањето на грлото, но треба да се избегнуваат засладени пијалоци и млеко поради некои супстанци што можат да ја влошат состојбата.

Затоа, подобро е да се пие чај или вода.

И покрај студеното време, се препорачува да поминете некое време во прошетка или лесно вежбање.

Во текот на зимските месеци недостасува витамин Д кој е од суштинско значење за имунитетот и е анти-вирусен.

Затоа, во текот на есента и зимата, потребно е да се оди на прошетка најмалку 15 минути за да се искористи на сончева светлина и по потреба да се пие суплемент од витамин Д.