Кога мозокот подобро работи?

Мозокот кај повеќето луѓе на возраст над 30 години покажува поголем фокус. Исто така, овие луѓе поефикасно ги обработувале информациите и подобро ги контролирале нивните однесувања и одлуки.

Дали роденденот ви предизвикува депресија? Ако одговорот е позитивен, тоа веројатно значи дека вашиот мозок полека се развива и затоа сте повознемирени. Така барем велат истражувачите од Универзитетот во Торонто, кои кажуваат дека стареењето е добро за мозокот и интелигенцијата, известува КП.

Научниците со помош на магнетна резонанца го испитувале мозокот на 359 луѓе на возраст од 22 до 36 години. Со ова тие ги најдоа типичните мозочни врски во почетокот на зрелоста и оние на кои им треба подолго време за да созреат во подоцнежните години. Тие, исто така, забележаа како врските варираат во зависност од тоа што личноста работела и во какви социјални односи била присутна.

Мозокот кај луѓето на возраст над 30 години покажал поголем фокус, додека луѓето кои влегувале во четвртата деценија тврделе дека имаат психолошки проблеми како и послаб развој на мозокот.